• Latest

Образование 2019: Нов закон за основно, повисоки плати за наставниците

January 5, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Образование 2019: Нов закон за основно, повисоки плати за наставниците

January 5, 2020 15:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На повеќе од 32 илјади наставници, меѓу кои 20 илјади се во основното образование, почетокот на 2020 година им донесува за 10 проценти повисоки плати. Покачувањето следува по 5-те отсто што наставниците ги добија во септември и исто толку ланскиот септември. Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) се избори за ново покачување, а по неколку преговарачки средби што траеја во октомври и ноември  издејствува и тоа да почне од јануари, а не од април како што предлагаше Владата. Спогодбата беше официјализирана на 27 декември.

Повисоки плати СОНК побара со предупредувачки штрајк на 2 септември, на првиот ден од учебната 2019/2020 година, оставајќи ѝ на Владата еден месец до активирање на донесената одлука за генерален штрајк ако платите не се зголемат соодветно со процентот на зголемувањето на минималната плата во државава. МОН најпрво се повикуваше на претходните две покачувања, ресорниот министер Арбер Адеми изјавуваше дека тоа е историско и дека се грижат за материјалниот статус на наставниците. Потоа Владата прифати ново покачување со понуда за 10 отсто од април, а по дополнителни преговори го прифати и барањето на СОНК тоа да важи од првиот месец во новата година.

Со третото покачување платите на вработените во образовната дејност од септември 2018 кумулативно се зголемуваат за 21,3 процент, а од Буџетот се одвоени дополнителни 1,4 милијарди денари за поместувањето на исплатата за три месеци порано, во јануари наместо во април. Според министерот Адеми, буџет има за сите сектори во МОН и ова покачување нема да се одрази врз нивната функционалност.

По постигнувањето на договорот, лидерот на СОНК Јаким Неделков изјави дека со тоа не е затворено прашањето за статусот на наставниците, туку е почеток на нови конструктивни преговори за дополнителни прашања за други проблеми на вработените и членовите на Синдикатот.

-Ние денеска завршуваме период на преговори, но тоа задоволство не треба еуфорично да го прифатиме, туку тоа задоволство треба да се манифестира во уште поголем притисок од нас како Синдикат за остварување на овие прашања, истакна Неделков на 8 ноември, денот кога двете страни постигнаа договор.

И на третото учество во меѓународното ПИСА-тестирање спроведено минатата година нашите ученици покажаа слаби резултати. Тестирањето е наменето за ученици на возраст од 15 години и опфаќа проверка во три категории – за читање со разбирање од вкупно 79 земји на листата на ОЕЦД македонските ученици се рангирани на 66 место, за математика на 67 место и за природни науки на 62 место.

Со тие резултати бевме зад сите земји во регионот (освен Косово). Сепак, министерот Арбер Адеми на прес-конференција рече дека е задоволен зашто е постигнат напредок односно најголем скок споредено со минатото ПИСА-тестирање во 2015.

-Не можеме прекуноќ за три години да бидеме меѓу првите десет земји на ранг-листата, но најголемиот скок на подобрување е одличен показател дека сме на прав пат. Сега не сме на четвртото место од долу на табелата, туку повисоко. Тоа нѐ радува и ќе нѐ мотивира за следното ПИСА-тестирање во 2021 на кое ќе му претходи пробно во 2020, рече Адеми.

Вратите од училиштата на првиот училиштен ден беа затворени за првачињата што не ги примиле сите вакцини од вакциналниот картон, а одлуката се заостри поради епидемијата со морбили која беше прогласена во април, а официјално заврши во декември.

Според податоците што МОН ги добило од Државниот просветен инспекторат и ги соопшти во октомври, речиси 200 првачиња од целата држава не беа запишани во учебната 2019/2020 година затоа што не се вакцинирани.

Родители на невакцинирани деца и Здружението „Од нас за нас“ протестираа и во отворени писма апелираа да се преиспита одлуката која, според нив, е дискриминаторска. Се повикуваа на Уставот како највисок акт според кој секое дете има право на образование и дека е тоа задолжително. Во Инспекцискиот совет беа поднесени и претставки за различни постапувања од просветните инспектори за исти случаи во врска со наставата на невакцинирани деца.

Новата учебна година во септември почна со нов Закон за основното образование кој беше усвоен во Собранието во јули. Според МОН како предлагач, законот се фокусира на подобрување на квалитетот на наставата, им дава повеќе можности на учениците особено на тие што се со посебни образовни потреби. Новини има и за организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30), кариерен развој на наставниците…

Согласно со препораките на ОЕЦД и УНИЦЕФ, бројот на часови, сепак, не е намален, бидејќи  македонските ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји.

Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.

Учениците со најтежок вид попреченост ќе може дел од наставата да ја продолжат во посебните училишта со ресурсен центар по нивна или желба на нивните родители, согласно со препораките на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ) на Светската здравствена организација, а за тие деца ќе се подготви индивидуален образовен план за можностите.

Во собраниска постапка е и измена и дополнување на Законот за средно образование, се реформира средното стручно образование (двегодишно, тригодишно и четиригодишно), се проширува и концептот за дуално образование – практична работа во компании за време на школувањето.

Но, Законот за високо образование не профункционира во целост и во важни сегменти, иако е донесен во мај 2018 година. Сè уште не е основан Националниот совет за високо образование и одборите за акредитација и евалуација кои со овој закон треба да станат одвоени тела што ќе го следат квалитетот на високообразовната и научно-истражувачката дејност.

Учениците до 20 јануари се на зимски распуст. Во второто полугодие се очекуваат некои од учебниците што ги немаа во првиот дел од учебната 2019/2020 година. Договорите со избраниот оператор се потпишани и би требало да бидат отпечатени и доставени до училиштата.

Од МОН нагласија дека по пет години имаат успешна набавка на нови учебници зашто од 2014 досега сите постапки од разни причини беа поништувани.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ