• Latest

Семинар за транспарентни и одговорни политички процеси во Гостивар

January 9, 2020
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Семинар за транспарентни и одговорни политички процеси во Гостивар

January 9, 2020 08:56
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ влегува во новата 2020 година со вообичаеното, интензивно темпо на активности. На самиот почеток на годината, меѓу многубројните активности, се издвојуваат секогаш интересните семинари посветени на транспарентните и одговорни политички процеси, а со кои се поттикнуваат активизмот, граѓанското учество и граѓанското новинарство.

Првиот семинар од 2020 година ќе се одржи на 25 јануари во Гостивар, а право на учество ќе имаат граѓанките и граѓаните од Полошкиот плански регион.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Гостивар

Во период на политички превирања, кога во јавната комуникација сè почесто се употребува говорот на омразата и лажните вести, граѓанските новинар(к)и се тие кои може да придонесат кон општествените заложби за демократска и аргументирана јавна дебата, кон разобличувањето на дезинформациите и другите облици на хибридни напади врз демократијата. Eден од принципите што се следат во овој проект секако е:

Граѓанските новинарки и новинари известуваат без страв и без услуги.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, како и своите досегашни учесници и соработници од семинарите за граѓанско новинарство, како и сите заинтересирани за мониторинг на изборните процеси да фотографираат, снимаат и забележуваат.

Промената е во вашите раце! – повикуваат од ЦИВИЛ од самиот почеток на проектот во октомври 2015.

Преку граѓанското новинарство, граѓанките и граѓаните имаат можност да бидат контролори на работата на државните и локалните функционери и институции и да вршат притисок тие да работат според законите, транспарентно и одговорно.

Семинарите на ЦИВИЛ кои се дел од проектот „Граѓански објектив“, претставуваат можност за граѓанките и граѓаните да се запознаат со основите на човековите права, како и да се стекнат со вештините на мониторингот и новинарското известување. Со активно учество и подобрување на вештините, секој може да придонесе кон транспарентноста и одговорноста во политичките процеси.

Семинарите на ЦИВИЛ се одлична можност за воспоставување на соработка со ЦИВИЛ, а во пресрет на изборните процеси, тие се најважната етапа да се стане дел од мониторинг тимовите на организацијата.

ЦИВИЛ, како и сите претходни изборни процеси од 2008 година наваму, ќе го мониторира спроведувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. Доколку сакате да станете кандидат за мониторинг тимот, сè што е потребно е да се пополни пријавата за учество на некој од семинарите кои ЦИВИЛ ќе ги организира во наредниот период.

ЦИВИЛ тим за комуникации

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ