• Latest

Градоначалникот Митко Јанчев под директни закани од Емил Јакимовски – Гусарот

January 11, 2020

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Градоначалникот Митко Јанчев под директни закани од Емил Јакимовски – Гусарот

Овој текст не се препорачува за читање од лица помлади од 18 години!

January 11, 2020 15:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев деновиве е под канонада од вулгарни напади и сериозни закани од Емил Јакимовски, познат и под прекарот Гусарот. Откако во јавноста излезе информацијата за нападите врз новинарката Мери Јордановска, градоначалникот Јанчев, во знак на солидарност, ги споделил записите од заканите што деновиве ги добивал од Јакимовски, со Ненад Јовановиќ, колумнист на Слободен печат и граѓански активист, со цел тие да бидат испратени и објавени на нашата медиумска платформа.

Емил Јакимовски е поранешен блогер, новинар, член и активист на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во Централниот регистар на Македонија.

Како што може да се забележи од фотографиите што ги приложи градоначалникот Јанчев, се гледа дека Емил Јакимовски му се заканува на Јанчев дека за неколку месеци ќе лежи во затвор, дека ќе му ги земат лиценците за работа на неговите компании.

Личните податоци на испраќачот овде се прикриени, но во оригиналните пораки што ни е даден на увид, јасно се гледа идентитетот на испраќачот. Оваа закана е испратена во вечерните часови на 31 декември 2019.

„Тебе дента штом нема веќе да си градоначалник, јас ќе ти ги врзам лисичките на лоповските рачиња. Поздрав од Хонгконг. Ме пријави ли море или стварно ќе ми се фатиш за курот? Ко ќе се фатиш викај на сет глас: Узбунааа!“, е една од заканите што Емил Јакимовски му ги упатува на Митко Јанчев

Говорот на омраза и директните закани провејуваат во сите слајдови што ги добивме од градоначалникот Јанчев.

Уште една од многуте заканувачки пораки од Емил Јакимовски кон Митко Јанчев, оваа е само неколку часа подоцна по претходната (погоре)

„Да немаш среќа ни еден момент во 2020 и да пропаднеш толку ниско и све да ти пропадне и лиценцата за вода да ти ја земеме! Емил новинарот од ВМРО!“ – му се заканува Емил Јакимовски на градоначалникот Митко Јанчев.

На еден друг слајд, прикажана е фотомонтажа од Зоран Заев без коса, и повторно следи закана од Емил Јакимовски до Јанчев: „И тебе вака ќе те шишаме…“

Материјалот кој беше споделен со нашата Редакција е ужасно непристоен и преполн со говор на омраза.

Една од долгата серија закаувачки и навредливи пораки од Емил Јакимовски кон градоначалникот Митко Јанчев.

Ни другар ти Мицко више нејќе да те спасува. Јас лично ќе те ебам и ќе лежиш затвор 6 години. У најава. Ти ќе ми се закануваш? Е сега ќе го јадеш. Гукни бе пичко смрдена. Ти ли бе копиле ќе палиш коли на Вмровци, куртону еден. Ја ќе ти ја земам лиценцата и за Синалко, директно од Германија ко што им ја земавме у време на Лјубчо на АДА Штип. А за водата Ѕинго стои позади мене и тоа ти го зимаме. За леб ќе трпиш за два месеци, ја ти ветувам! 

Во една од пораките, Јакимовски открива едно убедување што веќе е раширено меѓу поддржувачите на оваа клика што сее омраза и закани.

Ама курац сеа полицијата е наша, а ти ќе го јадеш курот. – му пишува Јакимовски на Јанчев во една од многубројните пораки со говор на омраза.

#Куртону

Ајде бе пичко нели ќе ме пријавиш у полиција дека сум ти се јавувал како новинар. Ама курац сеа полицијата е наша, а ти ќе го јадеш курот.

Со споделувањето на оваа комуникација, како што истакна градоначалникот Митко Јанчев во изјава за ЦИВИЛ, тој ја изразува својата солидарност и поддршка за новинарката Мери Јордановска и за сите што се мета на говорот на омразата.

Јане Ѓорѓиоски
во соработка со:
Џабир Дерала

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ