Регионалната платформа за застапување на слободата на медиуми и безбедност на новинарите на Западен Балкан која ја претставуваат повеќе од 8000 членови, остро ги осуди заканите и навредите кон македонските новинарки од Емил Јакимовски.
„Двете новинарки добија заканувачки пораки преку Интернет од Јакимовски минатата недела и тоа беше пријавено во полиција.
Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиуми и безбедност на новинарите ја поддржува ЗНМ во нејзините напори да ги заштити новинарите и слободата на говорот и ги осудува заканите и навредите на двајцата новинари. Ги повикуваме надлежните институции да реагираат соодветно и јасно да ги осудат заканите на Јордановска и Коровешовска. Платформата ќе испрати писма за загриженост до сите релевантни органи во Северна Македонија, барајќи од нив итно и темелно да ги истражат сите факти за овие случаи и да започнат да постапуваат соодветно.
Напаѓање и заканување на новинари е директен напад врз слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани, велат од Платформата.