• Latest

Филипче: Состојбата целосно под контрола, нема причина за некаков ризик или паника за коронавирусот во нашата држава

January 28, 2020

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Состојбата целосно под контрола, нема причина за некаков ризик или паника за коронавирусот во нашата држава

January 28, 2020 13:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во овој момент не гледа ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирусот во нашата земја. Уверува дека работата целосно е под контрола. Досега нема регистрирано сомнителни случаи туку, како што рече, има вообичаен број заболени од грип.

– Поминуваат сите патници кои доаѓаат со летовите кои имаат врска со поширокиот регион на Вухан, со оглед на тоа што сега тој град е целосно затворен. Кај нас стигнуваат авиони од Истанбул и од Дубаи. Мојата информација е дека утрово летот од Истанбул бил откажан, односно одложен за неколку часа. Системот е веќе воспоставен. Камерата беше поставена во текот на вчерашниот ден, целосно избаждарена. Направен е распоред на лекари епидемиолози од Центарот за јавно здравје, како согласно редот на летање ќе бидат присутни за време на скенирањето, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за коронавирусот.

Информира дека вчера имале работен состанок со директорот на ТАВ и, како што рече, излегоа во пресрет тие авиони секогаш да бидат насочени на еден или два излези, многу блиску потенцијално ако треба да се користи собата за изолација, но и од практичен аспект за камерата цело време да биде поставена на едно место.

– Доколку се детектира дека некој од патниците има покачена телесна температура, првиот чекор е интервју со епидемиолозите дали доаѓа од Кина и дали имал контакт со некој заразен. Тие имаат терк, еден алгоритам по кој се постапува. Доколку има таков случај исто така има протокол за изолација, дезинфекција и на авионот и на просториите и соодветен пат кој веќе е предвиден со тој алгоритам, со посебно возило на Брза помош само за таа цел на Инфективната клиника во Скопје. Доколку нема некакви симптоми кои може да се предмет на паника, ние во текот на денешниот ден преку Управата за цивилно воздухопловство ги очекуваме од авионските компании и однапред пациентите кои доаѓаат од овие градови, а доаѓаат од поширокиот регион на Вухан, изјави Филипче.

Додаде дека однапред и пред скенирањето знаат колку пациенти, потенцијално заразени можат да очекуваме. На некој начин, како што рече, имаме дупла сигурност, сите од нив ќе бидат интервјуирани и ќе знаеме како ќе се постапува.

Секој кој нема директен контакт и не доаѓа од Кина, доколку почувствува некои симптоми ќе оди по нормалниот тек на матичен лекар, Инфективна клиника. Филипче најави дека во текот на денот ќе бидат дистрибуирани флаери на аеродромот со посебен телефонски број и секој што доаѓа ќе има можност да се јави.

Информира дека утрово имале работен состанок со претставници на Институтот за јавно здравје, а вчера исконтактирале и со Кинеската амбасада во нашата земја.

– Тие денеска ќе ни кажат колку од 50 луѓе кои кај нас се регистрирани, кој на постојан, а кој на привремен престој се на патување во Кина и кога се очекува да се вратат и од кој регион се. Работата целосно е под контрола. Не гледам во овој момент ниту една причина за некаков ризик или паника, уверува Филипче.

Филипче изјави дека единствена група на македонски граѓани кои биле во Кина, но на 2.000 километри оддалеченост од градот Вухан е една актерска група од МНТ. Појасни дека искомуницирале со нив, тие се скенирани излезно кога го напуштале аеродромот во Пекинг и скенирани со термална камера во Истанбул. Филипче вели дека за време на разговорот, во текот на вчерашниот ден, односно во неделата, тие изјавиле дека немаат никакви симптоми.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче рече дека во однос на коронавирусот постапиле согласно препораките на Светската здравствена организација. Термалната камера, како што рече, се постави и од тогаш се функционира во најдобар ред.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ