• Latest

Жарко Трајановски: Ќе го брани ли ВМРО-ДПМНЕ Договорот од Преспа како што ја бранеше Привремената спогодба?

January 29, 2020

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Жарко Трајановски: Ќе го брани ли ВМРО-ДПМНЕ Договорот од Преспа како што ја бранеше Привремената спогодба?

January 29, 2020 15:08
in ВЕСТИ, МРЕЖА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога беше потпишана „Привремената спогодба“ во 1995 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави: „Ова што се случува е срамен пораз за македонската надворешна политика“.
Помина една деценија, а ВМРО-ДПМНЕ почна да ја брани Привремената спогодба, па дури и тужеше за прекршување на „Привремената спогодба“. Престана да им пречи и „некрофилската привремена референца“, под која ги примија во Европската народна партија.
Кога се потпиша конечна спогодба со Грција (Преспанскиот договор), актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ изјави: „ова е апсолутен пораз на македонската дипломатија“. ВМРО-ДПМНЕ почна дури и да предупредува дека со тој договор се откажуваме од Привремената спогодба, која во 1995 ја опишуваа како „срамен пораз“.
Дали историјата се повторува? Колку време сега ќе им треба на квазипатриотите да еволуираат? Како што можевме да видиме, министрите од ВМРО-ДПМНЕ немаат поголем проблем со уставното име. Партијата ВМРО-ДПМНЕ е заведена во Европската народна партија како партија од „Северна Македонија“. Мицкоски на Загрепскиот конгрес настапуваше како „опозициски лидер од Северна Македонија“. Илија Димовски нема проблем да биде шеф на делегацијата на Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО. И Александар Николоски нема проблем да биде претставник на Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа. И Антонио Милошоски нема проблем како заменик член да ја претставува Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
И други претставници на „Северна Македонија“ немаат проблем со уставното име кога се платени да ја претставуваат земјава надвор. На пример, Тања Каракамишева во Венецијанската комисија беше заведена како претставник на Северна Македонија, што се коси со нејзината парола за по дома „Никогаш северна“. Во импресумот на учебникот за студенти „Парламентарно право“ од авторите проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска и проф. д-р Александар Спасеновски стои „Фондација Конрад Аденауер во Република Северна Македонија“. Во истиот учебник е наведен и правниот факт „Во согласност со амандманот XXXIII на Уставот, зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“.“
Накусо, и Каракамишева и Силјановска ги учат студентите дека „Северна Македонија“ е уставното име. Е, сега, дали вистинските верници во „Никогаш Северна“ ќе се свртат против квазипатриотите кои земаат високи хонорари за да ја претставуваат Северна Македонија? Како што вика една македонска поговорка (признаена со Преспанскиот договор) – „Кога ќе видам, ќе повервам“.

Фејсбук статус на Жарко Трајановски

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result