• Latest

И административците се работници, зар не?

February 6, 2020

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

И административците се работници, зар не?

К-15 за административците е дел колективен договор потпишан со владата по интензивни подготовки и преговори долги една година. Тоа значи повеќе права за поголем број вработени во државата. Тоа значи посигурни и регулирани односи меѓу работодавачите и вработените и поголема заштита од самоволие на работодавачите. И, на ваков начин се обезбедува поголема независност на администрацијата од партиски влијанија и од злоупотреба на администрацијата за партиски цели.

February 6, 2020 07:54
in СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

“И на вработените во државната администрација ќе им се исплаќа К-15“. Со мали разлики, овој наслов ги преплави сите медиуми во државата. Во скоро идентични два пасуси во сите медиуми акцентот е ставен на исплатата на К-15 (дури и во оние каде што во насловот се спомнува дека станува збор за склучување колективен договор).

Она што не произлегува од голем број од насловите во медиумите и кое лесно може да биде превидено од страна на пошироката јавност е дека станува збор за потпишување на исклучително важен гранков колективен договор.

Што е доброто во ова?

Добро е што после подолги преговори и скоро една година интензивни подготовки и преговори се склучува колективен договор со кој се регулираат поголем број права на вработените во администрацијата.

Тоа значи повеќе права за поголем број вработени во државата. Тоа значи посигурни и регулирани односи меѓу работодавачите и вработените и поголема заштита од самоволие на работодавачите. И, на ваков начин се обезбедува поголема независност на  администрацијата од  партиски влијанија и од злоупотреба на администрацијата за партиски цели.

Само администрацијата заштитена од партиско влијание и секојдневен поданички однос кон партиите, може да биде ефикасна и ефективна администрација. И само од ваквата администрација граѓаните, а не партиите можат да бараат одговорност соодветна на правата и извршување на дадените задолженија согласно законот, наместо нарачките на партиите, и услуги за граѓаните, а не партиите.

Добро е и што на ваков начин може да започне процесот на враќање на достоинството на администрацијата и таков облик на самовреднување кое ќе поттикне прочистување на сопствените редови од партиските трутови.

Што е лошото во ова?

Лошо е што се прави непосредно пред парламентарни избори како вид поткупување на администрацијата.

Лошо е што не е проследено со постоење на соодветна законска регулатива со која ќе се обезбеди функционирањето на Агенцијата за државни службеници како институција која ќе ја извлече администрацијата од рацете на партиите.

И лошо е тоа што не е дел од комплексна реформа на администрацијата во која ќе биде вграден мерит системот како апсолут кој мора да се почитува пред воопшто да стане збор за правична застапеност по етничка, родова или некоја друга припадност.

Администрацијата во една држава може да биде збир од професионалци кои знаат, умеат и делуваат, и може да биде збирштина формирана со партиска воља и многу партиска цел.

Овој колективен договор, според мене, е основа од која може да почне промената, и  шанса која ѝ се дава на администрацијата да реши што сака да биде.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ