• Latest

Оперативен план за 2020: Околу 12 илјади невработени лица ќе се вклучат во активни мерки за вработување

February 13, 2020
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Оперативен план за 2020: Околу 12 илјади невработени лица ќе се вклучат во активни мерки за вработување

February 13, 2020 12:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Средства во износ од 1,4 милијарди денари издвои државата годинава за активни мерки и програми за намалување на невработеноста. Очекувањата се со нив да бидат вклучени околу 12 илјади лица и тие да обезбедат рамномерен опфат на мажи и жени. Фокусот во најголем дел ќе биде најмногу на лица до 29 години, а мерките и програмите треба да обезбедат и рамномерна регионална застапеност. Со нив ќе бидат поддржани 1.364 микро бизниси.

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, на денешната презентација на Оперативниот план за 2020 година пред синдикатите, работодавачите и стопанските комори истакна дека оваа сума е највисока досега што се издвојува за активни мерки и програми за вработување. Зголемувањето, рече, се должи на фактот што изминатите години тие ги дале очекуваните резултати.

Царовска потенцираше дека со активните програми и мерки се обезбедува поголема вработливост за сите невработени лица, стимулиријаќи ги невработените да се преквалификуваат или доквалификуваат, како и компаниите да ги апсоорбираат овие невработени лица и да ги вклучат во пазарот на трудот.

-За Оперативниот план оваа година обезбедивме 1,4 милијарди денари, од кои 1,3 милијарди денари се од државниот буџет, додека останатите финансиски средства се обезбедени од партнерските организации, UNDP, EU, UNOPS, ILO и SDC, кои постојано ја поддржуваат државата да инвестира во активни мерки за вработување. Благодарение на оваа рекордна сума, очекуваме оваа година да бидат вклучени речиси 12 илјади невработени лица, односно 11.761 лице. Во 2020 година продолжува трендот на инвестирање во невработените лица од кои очекуваме да развијат претриемачки дух. Се покажа дека стартувањето на овие микро бизниси од невработените лица се навистина одржливи, во 2020 година очекуваме да поддржиме 1.364 микро бизниси, за кои одвојуваме 447 милиони денари, за да невработените лица се самовработат, а ако понатаму се развиваат да бидат вработувачи на други невработени лица, истакна вицепремиерката.

Очекувањата за воспоствување на што повеќе микро бизниси се базираат на реалност, како што потенцира таа, ако се земат во предвид формираните претријатија преку мерката Самовработување во изминатите две години,  93 отсто од основаните компании во 2017 година се сеуште живи, додека од компаниите формирани во 2018 година, 99 отсто се сеуште активни.

Нарине Сахакјан, постојана претставничка на УНДП, организација која е еден од партнерите во имплементацијата на Оперативниот план, истакна дека овие мерки и програми се многу значајни за зголемување на вработливоста на сите граѓани, особено на најранливите.

-Во партнерство со Владата, Програмата за развој на Обединетите нации ќе реализира неколку програми и мерки со цел јакнење на претприемништвото и поттикнување на одржливи вработувања и креирање на нови работни места, фокусирајќи се на младите, иновациите, но и на ранливите категории на граѓани, истакна Сахакјан.

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политка Санела Шкријељ, посочи дека особен фокус во Оперативниот план и во програмите што ги носи Владата се младите и подеднаквата застапеност на жените и мажите.

-Со поддршка на ЕУ во оперативниот план за годинава е предвидена опфатеност на 1.200 корисници на гарантиран минимален приход. Ќе се активираат најработоспособните во семејствата со што корисниците на социјална помош нема трајно да останат во системот на социјална заштита, туку ќе се извлекуваат преку вработувањата.  Мерките од досегашните оперативни панови даваат резултат, а показател за тоа е намалувањето на стапката на невработеност кај младите лица, којашто изнесува 35,3 отсто, споредено со 2016 кога беше 48,6 отсто. Ова ни дава поттик и натаму да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите лица, рече Сахакјан.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска кажа дека Агенцијата е потполно подготвена за успешна имплементација на Оперативниот план за 2020 година.

-Оваа година ќе имплементираме обуки кај работодавачи, обуки за стручни квалификации, за занимања, за возачи, за претриемништво и за ИТ вештини. Обуките се однесуваат за оние дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на работовачите и невработените лица. Практиканството е мерка која ја побаруваа и компаниите и невработените, а во 2020 година планиран е опфат од 1.575 лица со буџет од 46 милиони денари. И покрај тоа што немаа обврска, треба да споменеме дека околу 50 практикантите беа задржани кај работодавачите и по завршување на процесот на практиканство, нагласи Јовановска.

Мерките и програмите се објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување, а сите заинтересирани можат да аплицираат во центрите за вработување во земјава.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ