• Latest

Мицкоски направи уште еден политички лупинг без да ги поткрене панталоните

February 13, 2020

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Мицкоски направи уште еден политички лупинг без да ги поткрене панталоните

Извршните комесари му удрија банана на претседателот (намесникот, во случајов), без да го чекаат да ги поткрене панталоните. Од надвор, тоа изгледа само како уште еден политички лупинг, но во магла, па затоа никој не го забележа. Ова може да се толкува и како знак дека партијата, на некој перверзен начин, влегла во процес на внатрешно демократизирање.

February 13, 2020 18:24
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Откако најави дека ќе го бојкотира Собранието во преостанатите денови и часови пред да се распушти, а откако ќе се гласа за законот за јавно обвинителство, Мицкоски ден подоцна сѐ уште е во Собранието. Наводно, Извршниот комитет на партијата одлучил да ја блокира оваа негова намера. Со други зборови, неговата иницијатива не е одобрена од азилантскиот шатор во Будимпешта.

Се разбира, оваа акробација беше само уште еден обид да се блокира Собранието. Заканата со бојкот во самиот финиш на законодавните процеси беше очајнички обид да се привлече вниманието и да се упати уште некоја уцена или да се купи време. Веројатно и со пуста надеж дека некој ќе поита да го убедува дека учеството на ВМРО-ДПМНЕ во работата на законодавниот дом е неопходно. Откако виде дека никој не му обрна внимание, Мицкоски, ден потоа, објави дека Извршниот комитет на неговата партија не ја прифатил идејата за бојкот. Каков пораз! Или?

Има неколку начини да се разбере овој политички лупинг.

Привремениот намесник на ВМРО-ДПМНЕ веќе никој не го сфаќа сериозно во јавноста и во политиката. Неговите постапки и изјави сѐ почесто остануваат без одглас во јавноста или наидуваат на коментари од типот „те слушнавме и првиот пат“. Ова, особено откако на вмровското матно небо се појави новата радикално антизападна „ѕвезда“ Мизрахи.

Станува сѐ поочигледно дека во врвот на партијата има сериозни несогласувања, а од други ситуации се гледа дека има повеќе фракции што меѓусебно се во конфликт. Тоа во нормални околности и во нормална партија, би било сосема секојдневна појава, но не и во случајот со оваа структура. Не е прв пат, намесникот (извршителот) на Груевски да добива заушки од својата партија. И на митинзите со по 12-13 учесници низ Македонија, и од раководните структури, па и од, вообичаено слепо послушните, квази експертски приврзоци на партијата.

Во случајот со оваа навидум неважна епизода, веројатно се работи за неговата осаменичка мисија што не добила зелено светло ни од Будимпешта. Некој во редакцијата праша со „носталгија“: Еее, кој во партијата имаше храброст да му се спротивстави на Груевски, на времето? Се разбира, позната е папочната врвца на „белата палата“ со азилантскиот шатор во Будимпешта. Деновиве може да очекуваме повеќе пикантерии за овие политичко-финансиски врски, но и до сега протече повеќе од доволно „материјал“ за тоа.

Извршните комесари му удрија банана на претседателот (намесникот, во случајов), без да го чекаат да ги поткрене панталоните. Од надвор, тоа изгледа само како уште еден политички лупинг во магла, што ретко кој воопшто и го забележа. Ова може да се толкува и како знак дека партијата, на некој перверзен начин, влегла во процес на внатрешно демократизирање.

Како и да е, останува да видиме дали Мицкоски ќе аплаудира кога ќе се донесе законот за јавно обвинителство или ќе прави нешто друго со рацете.

 


Сите права се задржани.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ