Американска агенција, одговорна за безбедноста на комуникациите во Белата куќа, соопшти дека броевите за социјално осигурување и другите лични информации во нејзината компјутерска мрежа можно е да биле компромитирани. Ова се наведува во писмото испратено до лица чии податоци можеби биле украдени, јавија американски медиуми.
Писмото е датирано од 11 февруари 2020 година. Во него се вели дека помеѓу мај и јули 2019 година можно е биле компромитирани личните податоци „поради упад во базата“ на Агенцијата за заштита на информацискте системи (ДИСА).
Белата куќа се уште не одговорила на барањето за коментар и не се дадени дополнителни детали во писмото. На пример, не се прецизира кој специфичен дел од мрежата на ДИСА е нападнат, ниту податоците за кои други лица биле компромитирани.
Во ДИСА има персонал од 8.000 воени и цивилни лица.
Таа „обезбедува директна телекомуникациска и ИТ поддршка на претседателот, потпретседателот, нивните кабинети и Тајната служба“.