• Latest
Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала добитник на наградата за солидарност за новинарство во Југоисточна Европа за 2024 година

May 2, 2024

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Џабир Дерала добитник на наградата за солидарност за новинарство во Југоисточна Европа за 2024 година

May 2, 2024 21:18
in МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, ЦИВИЛ Прес центар, 3 мај 2023 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Во возбудлива објава, Џабир Дерала, почитуван истражувачки новинар од Северна Македонија и претставник на медиумската платформа на ЦИВИЛ, е прогласен за добитник на престижната Награда за солидарност за новинари од Југоистолна Европа за 2024 година, од страна на Südosteuropa-Gesellschaft, Германија. Ова признание ја слави храброста и посветеноста на новинарите низ партнерските земји кои преземаат значителни лични ризици за да испорачаат критичко известување.

Наградата за солидарност ги истакнува и ги пофалува извонредните придонеси на Дерала кон унапредување на демократијата, поддржување на правото на владеење и поттикнување на слободата на печатот низ регионот. Извонредната кариера и влијателните иницијативи на Дерала направија трајна разлика во сферите на човековите права, новинарството и борбата против дезинформациите, се вели во соопштението на оваа голема и значајна германска фондација.

Понатаму, во соопштението се наведуваат биографските податоци за Дерала: роден во 1967 година, Џабир Мемеди Дерала не само што е успешен новинар, туку е и исткнат активист за човекови права, писател и аналитичар за хибридни војни. Како еден од основачките членови и претседател на ЦИВИЛ, водечка организација за човекови права основана во Северна Македонија во 1999 година, Дерала има предводено бројни креатривни проекти, мултимедијални кампањи, фестивали, документарни филмови и конференции насочени кон подигнување на свеста и поттикнување на граѓанскиот ангажман.

Обемната кариера на Дерала се протега повеќе од три децении, за кое време има соработувано со различни медиумски организации, како на локално, така и на меѓународно ниво. Тој е член на Здружението на новинари на Северна Македонија од 1990 година и Амнести интернешнал од 1994 година, покажувајќи ја неговата длабока посветеност за застапување на човековите права, пишуваат од Фондацијата за Југоисточна Европа.

Понатаму, од 2008 година, Дерала надгледува активности за набљудување на избори за Цивил во Северна Македонија, соработувајќи со бројни меѓународни и регионални тела. Неговата експертиза, исто така, се протега и на контрола на оружјето, при што Цивил служи како висока организација членка на Меѓународната акциона мрежа за мало оружје (ИАНСА) и е активно вклучен во борбата против дезинформациите и тактиките за хибридно војување во Северна Македонија и поширокиот регион на Западен Балкан.

Церемонијата на доделувањето на наградите со одликување на Џабир Дерала ќе се одржи на 4 јули 2024 година, во германскиот Бундестаг. Дополнителни детали во однос на програмата навремено ќе бидат соопштени, најавува Фондацијата.

Ова признание го нагласува длабокото влијание на неуморните напори на Дерала во унапредувањето на човековите права, слободата на печатот и демократијата, не само во рамките на Северна Македонија, туку и низ Југоистолна Европа. Тоа служи како инспирација за новинарите и активистите исто така, потврдувајќи ја важноста на бестрашното и критичкото новинарство во негувањето на општествениот напредок и одговорност, се вели во соопштението.

Останете со нас за повеќе нови информации за ова извонредно достигнување и придружете ни се да му честитаме на Џабир Дерала за оваа добро заслужена чест.

Тимот на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ