• Latest

Никој не е поубав ако на некој му каже дека е грд!

February 21, 2020

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026

Хоџиќ и Андонов: Изборите во Србија може да ја променат политичката слика на Западен Балкан

October 25, 2026

Референдумска атмосфера во Србија, речиси 20 отсто излезност до 10 часот, долги редици и во Њујорк (ВИДЕО)

October 25, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Убаини

October 25, 2026
Долги редици пред гласачките места во Блок 45 во Нов Белград - гласачите трпеливо чекаат да го сотварат своето право на глас, веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА)

Доцнења на избирачките места во Белград, гласачите чекаат во редици со кафе, кифлички и книги

October 25, 2026
Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски)

Србија гласа: Во Блок 45 во Нов Белград граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Никој не е поубав ако на некој му каже дека е грд!

Прво нешто што ми падна на ум е тоа колку мајки (родители) кај нас секој ден ги гледаат нивните деца како плачат, се затвораат во соба или се повлекуваат во себе и со никого не комуницираат.

February 21, 2020 16:50
in БЛИЦ, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

коментира Дехран Муратов

Видеото на мајката која го снимала своето малтретирано и понижувано дете во училиште, во кое тој вели „сакам да умрам, сакам некој да ме убие, не ми се живее веќе“, за само еден ден го обиколи светот и е видено над 20 милиони пати. Мајката во видеото вели: „Вака изгледа моето дете, плаче и е вознемирено, бидејќи децата во училиште го малтретирале поради неговиот изглед, родители, воспитувајте си ги децата да ги почитуваат различните…“

Прво нешто што ми падна на ум е тоа колку мајки (родители) кај нас секој ден ги гледаат нивните деца како плачат, се затвораат во соба или се повлекуваат во себе и со никого не комуницираат. Ако се истепани или избодени полесно е да се забележи, па може и да се реагира, но што правиме со оние невидливите повреди, душевните?

Колку деца во училиште се малтретирани од своите врсници поради тоа што се различни? Колку деца се малтретирани и понижувани оти се „педерчиња“, „циганчиња“, „шиптарчиња“, „каурчиња“, а да не зборуваме за деца со посебни потреби…, и тоа особено во „чистите“ средини каде што има по некое дете што е различно од останатите.

Дали психолозите (ако ги има во училиште) разговараат со учениците да им објаснат дека не е страшно тоа што е некој поразличен од нив, напротив. Дали родителите разговараат со своите деца? Или родителите се зафатени со политичките и секојдневните случувања, и наместо институциите тие се во потрага по „Луи Витон“ ташната на Боки 13, а притоа занемерувајки што носат нивните деца во чантите.

Но, брзиот живот и политичките случувања не треба да бидат алиби и оправдување за занемерувањето на децата и губењето на вредностите. Сепак, тие деца некогаш ќе пораснат, наше/ваше е во што ќе ги претворите/ме – во мили, љубезни, отворени, хумани, великодушни… или агресивни, несреќни, полни со омраза, нацисти…

П.С. Никој не е поубав ако на некој му каже дека е грд!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ