• Latest

28 февруари: Деценискиот дуел, изборен мониторинг, говор на омраза и црна пропаганда-закана за демократијата, корона вирусот во фокусот на институциите…

February 28, 2020
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

28 февруари: Деценискиот дуел, изборен мониторинг, говор на омраза и црна пропаганда-закана за демократијата, корона вирусот во фокусот на институциите…

February 28, 2020 21:14
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ТВ дуел меѓу Заев и Мицкоски

Претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се на дуел во Канал 5. Огромен интерес на социјалните мрежи и во другите медиуми, со над три илјади гледачи, како и огромен број коментари во кои изобилува и говор на омразата.

https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/videos/276950869937304/?v=276950869937304

TEMA НА ДЕНОТ: Корона вирусот во фокусот на институциите

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја разгледа Информацијата во врска со следни чекори и одлуки кои се однесуваат на превенција на ширење на корона вирусот. Министрите во Владата на седницата констатираа дека сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, како и постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, на Комисијата за заразни болести, како и на Институтот за јавно здравје ги постигнаа очекуваните резултати, дека ситуацијата со превенцијата и контролата за да се спречи непосакуваното ширење на корона вирусот, се остваруваат целосно.

Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, и донесе заклучок да им се препорача на организаторите да ги откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година. Препораката на Владата се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани во овој период, како што се Струмичкиот карневал, Карневалот „Прочка“ во Прилеп“ и сите слични, како и  на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации. Владата на Северна Македонија на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести.

Денеска во земјата присуствуваше и Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа, придружуван од претставници на СЗО и од Џихан Тавилах, шефица на канцеларијата на СЗО во Скопје. Тој се сретна со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче, од министерката за финансии, Нина Ангеловска и од заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски.

„Ги презедовме сите потребни мерки, според препораките на СЗО и сите други мерки за коишто проценивме дека се потребни, со цел пресекување на патот на вирусот. Бевме свесни за можноста за појава на вирусот и во нашата држава и поради тоа ги направивме потребните подготовки. Кризниот штаб, формиран за справување со Корона вирусот, посветено ги следи новите информации и е подготвен да ги даде навреме потребните насоки за реакција“, рече премиерот Спасовски.

Клуге се сретна и со претседателот Стево Пендаровски на која посочил дека  нашата држава има добри капацитети и дека презема вистински чекори во подготвеноста за справувањето со корона вирусот.

„Ќе бидам директен, му се обраќам на прекрасниот народ на оваа земја – не постои причина за паника. Јас како специјалист за инфективни болести имам целосно разбирање за загриженоста на луѓето за нивното здравје и здравјето на нивните семејства. Вирусот е нов, затоа имаме сериозен пристап. Но, треба да запомниме – денеска има 81.000 случаи, од кои 97 отсто се во Кина, а останатите три надвор од Кина, во 47 земји“, е пораката на Клуге.

На прес-конференцијата во 16:30, министерот Венко Филипче изјави дека пациентката со корона вирус е во добра здравствена состојба. Филипче ја информираше јавноста дека возачот на комбето со кое патувала жената се пријавил со симптоми на болка во градите и кашлица, при што му е направено тестирање и резултатите се очекуваат за неколку часа. Филипче извести дека тој  е на инфективното одделение во струмичката болница и немал контакти со никого од моментот кога пристигнал во земјава. Возачот деновиве бил во домашна изолација, сам, а за симптомите пријавил на телефоните на Институтот за јавно здравје.

Според последните информации од Светската здравствена организација и во Нигерија се појавил случај на корона вирус.  Инаку, бројот на заболени од новиот корона вирус во светот се ближи до бројката 84 илјади, меѓу кои и нешто помалку од 2.900 смртни случаи. Вкупниот број на излекувани пациенти изнесува близу 37 илјади, активни случаи во светот се околу 44 илјади, од кои 82 отсто се со благи симптоми, а 18 проценти се со тешки или многу тешки симптоми.

БЛИЦ: Говорот на омразата – систематска операција

Џабир Дерала: Ако се погледне во анализите на говорот на омразата, неизбежен е заклучокот дека се работи за систематска и организирана операција во која се вложени огромни финансиски и човечки ресусрси

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Мала дневна изборна хронологија

Со оглед дека и денешниот ден го одбележа корона вирусот, некако неминовно беше да произлезе и како прашање и на една редовна и вообичаена седница на Државната изборна комисија во предизборниот период. Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски изјави дека очекува партиите да се придржуваат до препораките во врска со јавните собири во контекст на превентивата од корона вирусот, за што денеска на седница одлучуваше Владата. Но, во изборен контекст меѓу многуте одлуки што ги донесе ДИК оваа недела, ги одвојуваме Кодексот на набљудување и  Регистарот на радиодифузери, печатени и електронски медиуми…

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска се обрати на иницијалниот состанок на Секторската работна група за здравство, на кој беа разгледани наодите и препораките од проектот „Анализа на ефикасноста на системот за секундарна и терциерна здравствена заштита во Република Северна Македонија“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија, а го спроведе конзорциумот „Консеј Сантѐ“.

„Кога го промовиравме Буџетот за 2020 година, рековме дека тој е посветен на инвестициите во човечкиот капитал. Таа определба дојде од нашата заложба да ги поправиме последиците од стагнацијата во вложувањето на столбовите на човечкиот капитал: здравството, образованието и социјалната политика. Оваа Влада одлучи тоа да го промени. Во оваа насока, во Буџетот за 2020, во функциите здравство, образование и социјална заштита се предвидени вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со претходниот Буџет“, подвлече Спасовски.

*

Министерството за труд и социјална политика продолжува со активности за подобрување на положбата на децата без родители и родителска грижа и унапредување на квалитетот на заштитата во згрижувачките семејства, како облик кој е најблизок до семејниот, согласно стратешката определба дека на секое дете му е потребно семејство. Со Одлуката за утврдување на цените на социјалните услуги за вонсемејна заштита за 2020 година, како што информираат од МТСП, месечниот надоместок што го добива згрижувачко семејство за сместено дете се зголемува за 30 отсто, почнувајќи со јануарскиот надоместок, што е исплатен во февруари.

*

Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска преку соопштение потсети на важноста на слободата на изразувањето и на медиумите, како и на важноста од пристап до информации за сите граѓани, по последните случувања помеѓу Македонската медиумска асоцијација и Здружението за информатичко комуникациски технологии, откако кабелските оператори најавија прекин со реемитување на ТВ каналите како реакција на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и обврските што ги имаат  вооднос на авторските права.

Од Делегацијата на ЕУ ги повикаа Владата, кабелските оператори и телевизиите заедно со регулаторното тело во областа да најдат заедничко одржливо решение за почитување на овие принципи, за работа за сите комерцијални оператори, како и за примена на правата од интелектуална сопственост. ПОдготвени се, како што велат и да обебзедат дополнителна техничка помош за јакнење на правната рамка и воспоставување правила за сите во медиумскиот сектор.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

СООПШТЕНИЕ: Црната пропаганда е закана за демократијата и правото на глас

Во анализите на долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ се констатира дека продукцијата и ширењето на лажни вести, дезинформации и говор на омраза во медиумите и на социјалните мрежи достигна ниво на индустриски размери. Политичката кампања што ја водат одредени политички субјекти во контекст на изборите е крајно некоректна и деструктивна и претставува сериозна закана за квалитетот на изборниот процес. Во анализите на говорот на омразата се нотира дека тој е систематски и организиран. Дури и заканата од коронавирусот се злоупотребува во изборен контекст.

Во црната кампања се оди и дотаму, што одредени индивидуи од медиумската и универзитетската сфера дури и повикуваат на етничка војна, очигледно одработувајќи во полза на одредени политички партии и центри на моќта во и надвор од земјата. Со кампањата на одредени политички субјекти и други структури чие основно пропагандно оружје се лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата, се загрозува правото на граѓанките и граѓаните за информиран избор и слободно изразување на волјата во изборните процеси.

Коректното информирање во согласност со професионалните и етичките стандарди паѓа во сенка поради невиденото темпо на хибридните закани против демократијата…

Во тек е повикот за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ

Повикот за краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ е уште отворен со оглед на големиот интерес. Поради можноста да се зголеми обемот на изборниот мониторинг, ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

                                                    ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

СЛОБОДНА ЗОНА

Концептот на партиската мултиетничност, како рефлексија на македонската реалност, ќе доживее таква критична промоција, што националистичкото ВМРО, откако ќе се распадне, ќе мора по прилично поинакви принципи наново да се составува, пишува Сашо Ордановски во денешнава колумна „Изборната симултанка на Заев и СДСМ“

Со доза на оптимизам од корнер Зоран Иванов во денешната колумна “Натаму само со железни чевли и со челична волја“ вели:  Како и да завртиш, Македонија со Преспанскиот, времето тоа неминовно ќе го потврди, е во голема добивка. Но, пак не ќе е лесно. Правилата се строги и јасни. Попуштање за европските стандарди нема. Тие, впрочем, се важни, не толку за нив таму, колку за нас овде.

Биљана Јордановска

Во соработка со Дехран Муратов, Џабир Дерала

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ