• Latest

Проектот „СЕГА“ наш официјален претставник на Меѓунардоната изложба на архитектурата во Венеција

March 2, 2020

ВЛЕН: Државен приоритет на Меџити и Фетаи е да ја затворат дивата депонија во Никуштак

September 16, 2025
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – денес ќе се одржи „Марш за Ангелите“ во Кочани, протестни собири во Штип и Скопје

September 16, 2025
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Проектот „СЕГА“ наш официјален претставник на Меѓунардоната изложба на архитектурата во Венеција

March 2, 2020 12:56
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура информира дека Комисијата во состав:  Трајче Блажевски, Имер Бајрами, Џемил Бектович, Агрон Салиу и Александар Андовски, ги разгледа пристигнатите пријави на Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од областа на меѓународната дејност за учество на Република Северна Македонија на 17-тата Интернационална изложба на архитектурата во Венеција и одлучи национален претставник на нашата држава оваа година да биде проектот на проектантското биро „Бина архитектура ДООЕЛ“ насловен „СЕГА“ од авторот Бекир Адеми со група коавтори: Ана Рафаиловска, Јордан Шишовски, Амине Адеми, Енис Абовски, Енес Север, Дрен Невзати, Атанас Наумовски, Гаврил Бошковски, Елмедина Хасани, Нита Чавoли, Аида Бакали Салиху, Ивана Чаловска.

Комесар на проектот е Дита Старова-Ќерими, директор на Националната галерија на Република Северна Македонија, куратори се Бекир Адеми и Јордан Шишовски, а соработници на проектот се проф.д-р. Ферид Мухиќ и Рамуш Муарем.

Во пропишаниот рок на Конкурсот, во Министерството за култура пристигнаа 2 пријави и тоа за: проектот на Друштвото за проектирање, инженеринг и услуги „Бина архитектура ДООЕЛ“ претставувано од архитектот Бекир Адеми предложен од Националната галерија на Република Северна Македонија и проектот на Благоја Бајковски.

При увидот во пријавите, Комисијата утврди дека проектот на Благоја Бајковски не ги исполнува условите пропишани во Конкурсот, односно дека на Конкурсот право на учество имаат правни лица, односно установи од областа на културата (национални, локални, приватни), здруженија, сојузи, асоцијации и други субјекти регистрирани за вршење на дејност од областа на културата/архитектурата. Токму затоа, проектот на Бајковски не беше земен предвид во натамошниот процес на разгледување и одлучување.

Комисијата при разгледувањето на проектите работеше согласно со јасно и прецизно утврдените приоритети, критериуми, услови и доставената задолжителна документација наведена во Пријавата која што е составен дел од Конкурсот. Ставот на Комисијата беше да се поддржи издржан и добро аргументиран проект кој соодветствува со зададената тема на Биеналето, квалитетна и стручна екипа од областа, вклучена во проектот.

Избраниот проект „СЕГА“ е симболична претстава на еден отсечок од мноштвото и непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот. Сето ова концептуално открива два аспекти на просторно-временското суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината. Концептот се материјализира во дрвена композиција составена од дрвени елементи меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура, архепитизирана рамка, асоцијација на куќа, дом и засолниште. Тимот кој ќе го подготви павилјонот е сочинет од архитекти, инженери, графички дизајнери и уметници со различна професионална специјализација и лица со различна етничка провениенција, кои ќе го претставуваат мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија.

Интернационалната изложба на архитектурата во Венеција оваа година ќе се реализира во периодот од 23 мај до 29 ноември и носечка тема е „Како ќе живееме заедно“. Куратор на годинашното издание на Биеналето е Хашим Саркис, архитект и експерт на Универзитетот МИТ во САД.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ