• Latest

На просечната плата и фалат 100 евра да ја наполни минималната кошничка

March 4, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

На просечната плата и фалат 100 евра да ја наполни минималната кошничка

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во декември 2019 година изнесувала 26.836 денари или 436 евра, а минималната синдикална кошничка за јануари оваа година, што ја објави Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ, изнесува 32.791 денар или 533 евра.

March 4, 2020 09:13
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во декември 2019 година изнесувала 26.836 денари или 436 евра, а минималната синдикална кошничка за јануари оваа година, што ја објави Сојузот на синдикатите на Македонија, ССМ, изнесува 32.791 денар или 533 евра. Во кошничката која се пресметува за секој месец од годината, содржани се минималните потреби за исхрана и пијалоци, домување, хигиена, превоз, облека и обувки, кулутура и здравје. Таа покажува дека, без малку, цела просечна македонска плата оди за исхрана и пијалоци и за сметки. Поточно, кошничката за јануари, според пресметките на ССМ, посочува дека за храна и пијалоци во тој месец биле потребни 13.669 денари, а за домување (комунални трошоци, покуќнина и одржување) 10.431 денар или 41,69 отсто од платата. За превоз, во просек, биле потребни 2.425 денари, за облека и обувки 2.155 денари, за хигиена 2.336 денари, а најмалку за култура и здравје, 1.966 односно 706 денари месечно.

Вредноста на синдикалната минимална кошничка во изминатите три години е приближно иста иако, горе-долу, варираат регулираните цени на струјата, парното, водата, што ги поскапува животните трошоци. На пример, таа лани во јануари изнесувала 32.751 денари, а во истиот месец 2018 била 32.354 денари. Овие пресметки на ССМ се за четричлено семејство кое живее во стан од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. А, во нив не влегуваат трошоци за летен и за зимски одмор, ниту посета на кафуле или ресторан, како ни фризерски или други услуги кои се секако дел од секојдневието.

Денеска просечното македонско семејство не живее многу подобро од пред 10 години, иако сите досегашни влади се фалат со зголемување на платите, на пензиите, растот на минимална плата, подобрување на стандардот…

Последното соопштение на Државниот завод за статистика за вредноста на потрошувачката кошничка за исхрана и пијалоци, вели дека во периодот октомври – декември 2010 година, едно четиричлено домаќинство било во можност со една просечна нето плата да ја наполни месечната кошница за исхрана и пијалаци. Просечната нето-плата за декември 2010 година изнесувала 21.454 денари, а вкупните трошоци за исхрана и пијалаци биле пресметани на 12.342 денари, или повеќе од половина просечна плата.

Инаку, од почетокот на 2011 година Државниот завод за статистика престана да ја пресметува потрошувачката кошничка според дотогашни критериуми, и почна да ги следи препораките на ЕУ во насока на хармонизирање на македонскиот статистички систем со оној од земјите на ЕУ. По примерот на другите земји на Унијата, и кај нас обврската за изработка на потрошувачката кошница ја презеде ССМ. / МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ