• Latest

Каматата на благајничките записи да се задржи на два отсто

March 11, 2020
Фото: Скриншот од видео на 
CNN-News18

Израел дозволи влез на помош во Газа по 11-неделната блокада, ОН го нарече тоа „капка во океанот“

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

По разговорот со Трамп, Путин сè уште одбива целосно примирје, повторно ги наведува руските „коренити причини“ за војната во Украина

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, објави Трамп по двочасовниот разговор со Путин

May 19, 2025

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025
Фото: ЦивилМедиа

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025

Оливие Ведрин: Престанете да ѝ помагате на Украина да преживее, помогнете ѝ на Украина да победи

May 19, 2025
Фото: Фејсбук страна Meanwhile in Ukraine

Боно, Еџ и Шон Пен се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со украински војници

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

May 19, 2025

Каде затајува системот: Кој ги штити девојчињата од сексуални предатори?

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Каматата на благајничките записи да се задржи на два отсто

March 11, 2020 11:26
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По намалувањето на каматната стапка во јануари 2020 година, тековната монетарна поставеност е соодветна, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на вчерашната седница, при што одлучи каматната стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од два проценти.

На седницата на која Комитетот ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика, исто така беше одлучено понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 11 март 2020 година да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари.

– Одлуката за непроменетост на монетарната поставеност се заснова на поволните движења во домашната економија, кои се во рамки на очекувањата, но при истовремено значително зголемување на ризиците и неизвесноста за глобалната економија, предизвикани од новата вирусна инфекција Ковид-19, се наведува во соопштението на Народната банка.

Во однос на економската активност, според Комитетот, објавените податоци за БДП за четвртиот квартал на 2019 година упатуваат на побрз раст на економијата од очекуваниот, но остварувањата за целата 2019 година се во линија со проектираната стапка во рамки на октомвриските проекции.

– Имено, проценетите официјални податоци за БДП за четвртото тримесечје од 2019 година покажуваат солиден економски раст од 3,4 отсто на годишна основа. Со тоа, реалниот раст на економијата во 2019 година достигна 3,6 проценти (очекуван раст од 3,5 отсто). Остварениот раст во 2019 година е поттикнат од домашната побарувачка, чиј двигател се бруто инвестициите, а значаен позитивен придонес е забележан и од личната потрошувачка. Растот на компонентите на побарувачката и извозот придонесоа за раст и на увозот, со што нето – извозот има негативен придонес кон вкупниот економски раст. За првиот квартал на 2020 година, во услови на ограничен обем на расположливи податоци, тешко може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата, се додава во соопштението.

Комитетот посочува дека во однос на инфлациските движења, во првите два месеци од 2020 година просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 0,7 птсто, што и натаму е пониско остварување во однос на октомвриската проекција, па при поизразени надолни корекции во поглед на очекуваното идно движење кај увозните цени, тековно, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2020 година од 1,5 проценти се оценуваат како надолни, а неизвесноста околу очекуваното движење на светските цени на примарните производи во следниот период и натаму постои и е поизразена.

– Остварувањата кај девизните резерви во 2019 година и првите два месеци од 2020 година се нешто подобри од очекувањата, при што нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурна зона. Според расположливите показатели за надворешниот сектор, податоците за надворешнотрговската размена за јануари 2020 година укажуваат на остварен трговски дефицит кој е нешто понизок во однос на проектираниот за првиот квартал од годината. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со февруари, упатуваат на остварени нето приливи од приватни трансфери кои се во линија со очекуваните за првото тримесечје на 2020 година. Остварувањата во билансот на плаќања за 2019 година посочуваат на повисок дефицит во тековната сметка во однос на октомвриската проекција (2,8 отсто од БДП, наспроти проектираниот од 1,3 проценти од БДП), но и значително подобра позиција на финансиската сметка (нето-приливи од 5,4 проценти од БДП, во споредба со проектираните 3,6 отсто од БДП), се посочува во соопштението.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, Комитетот заклучи дека првичните податоци за февруари покажуваат натамошен годишен раст и на депозитите и на кредитите, при што остварувањата не упатуваат на поголеми отстапувања од проекцијата.

– Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на банкарскиот систем во домашна валута се задржа на релативно стабилно и високо ниво, што влијаеше за мала потреба кај банките за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на необезбедени депозити. Во такви околности, банките и натаму вишокот денарски средства го насочуваа кон расположливите депозити кај Народната банка, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти и други видови инвестиции. На домашниот девизен пазар во февруари, банките за потребите на нивните клиенти реализираа поумерена нето-продажба на девизи споредено со првиот месец од годината. Главен придонес кон ова движење на девизниот пазар имаше сезонски пониската побарувачка за девизи од страна на корпоративниот сектор. Банките ја задоволија нето-побарувачката за девизи од страна на клиентите од девизните средства со коишто располагаат, а заради неутрализирање на краткорочните промени на девизната ликвидност во банкарскиот систем, Народната банка во два наврати продаде вкупно 5 милиони евра, се додава во соопштението.

Комитетот констатира дека во февруари, ширењето на коронавирусот надвор од Кина ја зголеми загриженоста на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари околу негативните импликации врз глобалниот економски раст, па во такви услови, инвеститорите имаа поизразен интерес за вложувања во посигурни финансиски средства (злато и државни обврзници), чиишто цени бележеа пораст, при истовремен значителен пад на цените на акциите на светските берзи.

– Глобалната неизвесност и случувањата на финансиските пазари на почетокот на март наложија потреба за координирање на политиките на земјите членки на Г-7, коишто преку телеконференција изразија подготвеност да ги искористат сите расположливи инструменти со цел постигнување на силен и одржлив економски раст. Непосредно по овој настан, Централната банка на САД – ФЕД на вонреден состанок реагираше со значително намалување на целното ниво на референтната каматна стапка, а последните неколку денови сѐ позасилени се очекувањата на пазарните учесници и за дополнителни измени во истата насока од страна на оваа централна банка. Неизвесноста околу идните мерки на развиените економии, како и големата променливост на меѓународните финансиски пазари којашто во изминатите неколку денови се манифестира со значително намалување на: цената на нафтата, берзанските индекси и вредноста на американскиот долар во однос на еврото и во следниот период активно ќе се следат од страна на Народната банка со цел адекватна оценка на нивните ефекти врз домашната економија и потребата за преземање на евентуални мерки, се наведува во соопштението.

Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека последните макроекономски показатели во домашната економија главно се движат во согласност со очекувањата, но ризиците од окружувањето стануваат се понагласени.

– Новата вирусна инфекција, Ковид-19 се одразува врз глобалната економија, а нејзините економски ефекти во целина се уште се неизвесни и зависат од времетраењето и силината на овој неочекуван шок кој е од неекономски карактер. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на трендовите и потенцијалните ризици од окружувањето, заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика, се додава во соопштението од седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ