• Latest
Фото: ЦивилМедиа

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025 16:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: ЦивилМедиа

Фото: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

На 30 годишнината од геноцидот во Сребреница, најголемото злосторство на европско тло по Втората светска војна, што претставува систематско масовно убиство на повеќе од 8.300 бошњачки мажи и момчиња од страна на вооружените сили на босанските Срби во јули 1995 година, во Скопје се одржа меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), како потсетување, да не се заборави за да не се повтори, но и како демократски одговор на сé почестото антицивилизациското негирање на геноцидот во Сребреница, особено од страна на неговите извршители.

На почетокот присутните ги поздрави претседателот на СДА – Македонија, Џелал Хоџиќ, по што со емотивно обраѓање Конференцијата  ја отвори заменик- претседателот на Главниот одбор на СДА – БиХ, Алија Табаковиќ.

Првиот панел насловен како “Негирањето на геноцидот е карактеристика на големосрпската пропаганда“ го отвори Ахмедин Шкријељ – пратеник на СДА Санџак во Собранието на Србија, кој во своето обраѓање истакна дека „Великосрпската политика со оваа гарнитура на власт се реорганизира и ја продолжува политиката на хегемонија. Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница“,

По него, на присутните им се обрати Љубчо Георгиевски – претседател на ВМРО НП, поранешен премиер на Македонија, кој истакна дека во однос на геноцидот во Сребреница, во тоа време, најголемоиот дел од македонското општество, за жал, бил наклонет кон Србија., од кој секој искрен Македонец треба да се срами.

На панелот се обрати и Енес Ибрахим, претседател на Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП), пратеник во три мандати во македонското собрание.

Во вториот панел “Негирање на геноцидот како последна фаза во процесот на геноцид“ учествуваа: Минела Календер – пратеничка од СДА Санџак во српскиот парламент, Никица Корубин – колумнист и поранешен пратеник во македонското Собрание, Санела Шкријељ – активистка и поранешен пратеник во македонското Собрание и Дехран Муратов – новинар на Цивил Медија и активист за човекови права, кој посочи дека во модерно време, кога  со еден клик, со едно пребарување може да се види што се случило во Сребреница, тој ќе се обиде да внесе малку човечност на тие извештаи истакнувајќи дека:

 „За да се биде новинар, прво треба да се биде човек. На тој начин со зборови и со срце, не само со раце,  можеме да спречиме злото да не се повторува. Да не се повтори Сребреница, Газа… “

Во третиот панел “Улогата на Русија во поддршката на големосрпската пропаганда на Западен Балкан“ говорници беа: Џабир Дерала – бранител на човековите права и претседател на ЦИВИЛ, кој во своето обраќање истакна дека не зборува само за геополитика и стратегии, туку за сеќавањето – за вистината и правдата што им ја должиме на жртвите и за одговорноста што ја носиме пред живите, а во неговиот говор централно место зазема руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија.

По него следеше Владимир Владимиров, геополитички аналитичар од Софија, Бугарија, зборувајќи за улогата на Русија во поддршката на големосрпската пропаганда на Западен Балкан, истакна дека основната цел на Русија е деструкција на нашите општества. Основната цел е поделување на нашите општества. Руската пропаганда е базирана на една клучна работа, а тоа е отсуство на било какви правила и демократски бариери“

На панелот учествуваа и Ивон Величковски, претседател на движењето Нова Република, поранешен член на Македонското собрание, Санадин Володер – новинарски портал Mostarski.ba .

Во виртуелниот панел “Светот за Сребреница“ преку  видео пораки се обратија: европратеникот Илхан Ќучук (Бугарија), eкспертот за човекови права Хедер Роберсон Гастон (САД), како и директорката на Фондацијата „Фридрих Еберт“ за Србија и Црна Гора, Кирстен Шонефелд (Германија).

Конференцијата потврди и потсети дека геноцидот во Сребреница е факт. Негирањето на геноцидот е неприфатлив во едно демократско општество и претставува антицивилизациски чин, како што беше случајот во јануари оваа година, среде Скопје, кога дел од македонската политичка елита, во присуство на рускиот амбасадор, му аплаудираше на Милорад Додик на неговите пораки со кои го негира геноцидот во Сребреница.

Претходно, геноцидот го негираше и се потсмеваше сегашниот заменик премиер и министер за Односи меѓу заедниците , претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, тогаѓ како пратеник и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, кој геноцидот во Сребреница го нарече „некрофилски диздиленд“, по најавата дека  нашата земја ќе биде ко-спонзор на резолуцијата во Обединетите Нации (ОН) за прогласување меѓународен ден на геноцидот за Сребреница.

Геноцидот во Сребреница беше потврден со судска пресуда на меѓународниот суд во Хаг, како единствен геноцид на европско тло по Втората светска војна.

Европскиот парламент го прогласи 11 јули за ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. На 4 февруари 2010 година, Собранието на Северна Македонија усвои Декларација за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламент. Декларацијата го осудува геноцидот над повеќе од 8000 Бошњаци од овој босански град.

Геноцидот во Сребреница е дел од институционалната меморија на ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Германија… на сите држави каде демократските вредности и почитувањето на човековите права е составен дел од нивните системи.

На 23 мај 2024 година, со 84 гласови „за“ од 193 членки на Генералното Собрание на ОН беше усвоена Резолуцијата со која се осудува негирањето на геноцидот и величење на воените злосторници. Со истата резолуција 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Предлагачи на резолуцијата беа Германија и Руанда, а Северна Македонија беше ко-спонзор на истата.

Д. Мишев

Tags: 30 годишнини од геноцидот во СребреницаКонференцијата „Сребреница – совеста на светот“
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ