• Latest

Народната банка со мерки за заштита од коронавирусот, граѓаните да плаќаат со картички и електронски

March 12, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Народната банка со мерки за заштита од коронавирусот, граѓаните да плаќаат со картички и електронски

March 12, 2020 17:41
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка, од денеска во наредниот период следејќи ги утврдените мерки за превенција од ширење на коронавирусот презема конкретни активности за заштита на здравјето на заедницата и на своите вработени, а до граѓаните апелира да избегнуваат користење готовина и плаќањето да го вршат со платежни картички, да избегнуваат посета на експозитури и филијали на деловните банки, како и на штедилниците и менувачниците и банкарските услуги да се користат преку сервисите за електронско, мобилно и телефонско банкарство.

Од Народната банка информираат дека согласно преземените мерки од денеска нема да работат за посетители Музејот и Библиотеката и архивот на Народната банка, нема да се одржуваат организирани посети за финансиска едукација, приемот на налози за извршување плаќања за државата и државните органи ќе се врши до 11 часот, подигањето документи за подигање ефектива од трезорот ќе се врши во редовните термини од 13 до 14 часот исклучиво преку писарницата на Народната банка,  исплатата и приемот на девизи од овластените лица на државните институции ќе се врши секој работен ден од 14 до 15 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка, издавањето извештаи за податоци од кредитниот регистар ќе се врши само во вторник и четврток од 15 до 16 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка, приемот на странки за замена на оштетени пари, за купување книжни и ковани пари за нумизматички потреби, како и на странките заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели ќе се врши единствено во понеделник, во периодот од 12 до 13 часот.

Од Народната банка наведуваат дека на редовна основа го анализираат ризикот од ширење на заразата со вирусот Ковид-19 и доколку е потребно, овие правила ќе бидат променети.

Посочуваат дека за прашања, консултации и дописи до Народната банка, да не се доаѓа лично во просториите на Народната банка, туку тоа да се оствари преку е-адресата info@nbrm.mk, преку официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи или на телефонските броеви  02/3108 108; 02/3108 219; 02/3108 212. За информации поврзани со кредитните работи со странство или други прашања во доменот на Дирекцијата за статистика на Народната банка, комуникацијата може да се оствари преку е-адресата contact.statistika@nbrm.mk или преку телефонскиот број 02/3215-235, локал 123, 128, 120, 129, 126, 121 или 125.

 –Како централна банка и финансиски регулатор веќе контактиравме и со деловните банки, при што им ги соопштивме овие препораки и дадовме насоки за управување со оперативните ризици, заради намалување на можните негативни последици, стои во соопштението.

Додаваат дека се преземени и дополнителни интерни мерки при што, се откажани учествата на вработените во Народната банка на конференции, семинари и обуки организирани од страна на надворешни субјекти, откажани се сите настани организирани од Народната банка, како и состаноците со надворешни субјекти.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ