• Latest

16 март: Сè поизвесно одложувањето на изборите, здравјето пред сè

March 16, 2020
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

16 март: Сè поизвесно одложувањето на изборите, здравјето пред сè

March 16, 2020 17:28
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: НЕИЗВЕСЕН ДАТУМОТ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

Сè поизвесно е одложувањето на датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, кои беа закажани за 12 април. Денеска претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот твитер профил најави дека утре ќе се одржи лидерска средба на која ќе се разговара за можноста за одложување на изборите.

Кабинетот на претседателот ја потврди информацијата соопштувајќи дека средбата е закажана за утре во 12 часот, а најавено е присуството на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Заев: Верувам дека заеднички ќе изградиме став за одложување на изборите

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/597662117489227/?t=450

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција изјави дека ќе побараат од претседателот Пендаровски лидерска средба, за да ги обзнанат партиските ставови за изборите поради новонастанатата состојба со вирусот корона.

„Ризикот од одржување на изборите ја прави понепријатна состојбата, со помислата дека треба да се оди на избирачки места каде што граѓаните би биле изложени“,изјави Заев.

Тој најави дека дека одлуката за одложувањето на изборите ја донеле синоќа.

БЛИЦ: Заев со вртоглава предност пред Мицкоски

Џабир Дерала: Според испитаниците на ИРИ, Заев е повеќе од двојно попопуларен од Мицкоски. Драстичната разлика во популарноста на лидерите на двете најголеми политички партии, некако оди рака под рака со стабилниот „курс“ на масовната поддршка за процесот на интеграциите во ЕУ.

ИЗБОРНА ХРОНИКА

Претседателот на Република Северна Македонија за утре најави лидерска средба на која ќе се разговара за можно одложување на парламентарните избори.

Во меѓувреме роковите течат – Државната изборна комисија најдоцна утре треба да ги потврди кандидатските листи на коалициите и политичките партии за учество на изборите на 12 април.

Кандидатски листи до ДИК поднесоа 15 коалиции и политички партии, а досега е потврдена само листата на партијата „Глас за Македонија“ за пет изборни единици.

По последните измени на Изборниот законик, сега постапката трае подолго поради проверката на кандидатите. Уверенијата за неосудуваност и други податоци се проверуваат преку судовите од страна на ДИК. Судовите имаат 24 часа да одговорат по електронски пат, а потоа документите да ги достават до Комисијата по пошта. Има рок и за отстранување на неправилностите на листите.

Во меѓувреме, лидерите на неколку политички партии, меѓу кои СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска ја поддржаа идејата за одложување на изборите.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство донесе наредба за спроведување задолжителна самоизолација за секој државјанин на Северна Македонија кој во земјава влегува на граничен премин, а доаѓа од земји со висок или среден ризик, утврдени со Листата на Светската здравствена организација (СЗО).

*

Основците и децата на претшколска возраст од денеска имаат можност да следат едукативни содржини на трите канали на националниот телевизиски сервис МРТ, изведени од наставните програми по кои што тие во моментов се едуцираат во училиштата и градинките, кои пак, се привремено затворени со одлука на Владата како дел од мерките за заштита на јавното здравје поради ризикот од ширењето на корона вирусот.

*

Министерството за образование и наука објави листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите поради мерката за привремен прекин на воспитно-образовниот процес во државата.

*

„Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување“, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Аплицирањето на кандидатите за краткорочни набљудувачи на претстојните парламентарни избори и понатаму е во тек. ЦИВИЛ продолжува со разгледување на веќе пристигнатите апликации, но и со мониторинг на општествените и политичките процеси во земјата, почитувајќи ги препораките и мерките на Владата за справување со корона вирусот.

Сите заинтересирани кандидати за мониторинг на изборниот процес може да аплицираат он лајн на следниот ЛИНК.

*

ЦИВИЛ остро реагира и ги осудува континуираните обиди на одредени политички структури да се стекнат со политички поени на сметка на јавното здравје во екот на пандемијата на КОВИД-19.

За жал, не престануваат ни обидите да се приберат и политички поени, без оглед на тоа колку своеволното и некоординирано дејствување може да биде опасно по јавното здравје.

Мониторингот на ЦИВИЛ нотира дека, надвор од координација со релевантните институции на национално и локално ниво, одредени структури, се јавуваат со паралелни активности.

СЛОБОДНА ЗОНА

За актуелните состојби со КОВИД-19 во земјата, но и политичката злоупотреба на ситуацијата повеќе во денешната колумна на Сашо Орданоски – „Чак Норис му се јавил на Филипче…“

М. Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ