• Latest

17 март: Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО, нови случаи на КОВИД-19, консензус за откажување на изборите…

March 17, 2020
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

17 март: Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО, нови случаи на КОВИД-19, консензус за откажување на изборите…

March 17, 2020 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО

Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница преку видео-конференциска врска го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.

-Со нула гласови „против“ шпанскиот Сенат го ратификува Протоколот. Во име на Владата и сите македонски граѓани изразувам благодарност до Шпанија, шпанскиот Сенат, до министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред во вакви тешки околности и во светот и во Европа и за Шпанија, истакна шефот на дипломатијата Никола Димитров на заедничката-прес-конференција во Владата со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера.

Димитров потсети дека Шпанија е 29 и последна земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Шпанија е 29-тата, последна земја членка на НАТО што го ратификуваше нашиот пристапен протокол, со тоа заврши процесот на ратификација кај сите сојузници

„Шпанскиот сенат само што го ратификуваше пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО со нула гласови против. Во оваа прилика би сакал во името на Владата и на сите македонски граѓани да изразам благодарност до Шпанија и воедно да им честитам и на македонските граѓани за овој заеднички успех што дојде како резултат на истрајност и решителност за храбри одлуки и посветеност. Со тоа завршуваме еден тридецениски процес, напор, стремеж да бидеме дел од северно-атлантското семејство“, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров веднаш по денешната ратификација на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на Горниот дом на шпанскиот парламент (Сенат), која заедно со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера и со претставниците на медиумите беше проследена во живо од Владата на Република Северна Македонија.

ИЗБОРНА ХРОНИКА

Политичките лидери го ставија здравјето на граѓаните пред изборниот натпревар

„Здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена и за нас се на прво место.  Денеска дадовме право на претседателот Пендаровски да свика експертска група да најде правно формално решение за одложување на изборите и распишување на новите избори“, изјави Зоран Заев по лидерската средба на парламентарните партии во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради состојбата со коронавирусот COVID-19 треба да се одложат предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, со консензус беше одлучено на лидерската средба кај Претседателот Стево Пендаровски, на која присуствуваа претседатели и претставници нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата.

*

Со новопотврдените три случаи, во земјава вкупно 26 лица се заболени од коронавирусот. Состојбата на хоспитализираните пациенти е стабилна, вклучително и на жената од Дебар која е приклучена на респиратор. Од вкупно 26-те заболени, 17 се во Скопје, а девет се во Дебар.

*

Околу 200 македонски државјани, кои беа заглавени на границата меѓу Унгарија и Србија, во текот на денот ќе бидат организирано донесени во земјава и веднаш ќе бидат сместени во групен карантин во Центарот за обука „Пепелиште“ на Армискиот полигон „Криволак“, рече министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за македонски државјани кои работеле главно во ризичните региони во Италија и, еден дел, во Австрија.

*

Изминатото деноноќие во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, помина мирно, а безбедносната состојба е стабилна, соопшти МВР.

*

Министерството за внатрешни работи регистрира три случаи на непочитување на мерката за самоизолација на лица во Тетово и Струмица, а четири случаи се проверуваат во Скопје.

*

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска учествуваше на видео конференцијата на Самитот за Западен Балкан 2020, под покровителство на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц.

*

Правните експерти професорите Рената Дескоска, Гордана Силјановска-Давкова,  Денис Прешова, Татјана Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Светомир Шкариќ и Александар Спасов, поладнево кај претседателот Стево Пендаровски ќе одржат состанок за да се изнајде правен модалитет за одложување на изборите.

*

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на негово барање, вчера во вечерните часови телефонски разговараше со холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок во светло на Советот за општи работи на ЕУ, којшто е предвиден да се одржи на 24 март, а на кој ќе се разгледува донесување на одлуката за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Оној во Америка, до пред некој ден, кажуваше несолени шеги – таков, каков што е неартикулиран и смотан целиот – на сметка на вирусов… Кога некои посериозни од првиот круг евангелисти околу него му кажаа колку стотици илјади мртви можеби ќе има во САД во наредните неколку недели, а не месеци, наеднаш стана мртов-сериозен! Сега му е јасно и дека рецесијата не му гине, откако самиот отвори економски војни по сите географски должини и широчини на четирите страни на светот“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Вонредна состојба, извонредна можност“.

А. Петровска 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ