На вонредна прес конференција претседателот на државата, Стево Пендаровски, прогласи вонредна сосотјба во траење од 30 дена, на цела територија на Република Северна Македонија поради заштита на граѓаните од КОВИД-19.
Пендаровски нагласи дека Владата ќе продоложи да функционира како техничка и наспроти сè, ова е можност сите политички партии да покажат дека можат да работат заеднички за здравјето на луѓето и нема да се грижат за својот политички рејтинг. Со оваа одлука се откажуваат изборите закажани за 12 април, а како што кажа Пендаровски, а предвремени парламентарни избори ќе се закажат дури кога ќе се создадат услови за фер и демократско изјаснување на граѓаните.
*
Министерот за надворешни работи Никола Димиторв апелираше да се спроведе итна регистрација на македонските граѓани затечени во странство поради ситуацијата со корона вирусот
*
Како одговор на најавената вонредна состојба, Народната банка вечерва информира дека и по прогласувањето на вонредна состојба, финансиските институции за кои таа е надлежен регулаторен и супервизорски орган – банки, штедилници, менувачници и правни субјекти за брз трансфер на пари, продолжуваат да работат и да ги извршуваат своите клучни функции, со што нивните услуги и натаму ќе бидат достапни.
*
УЈП најави дека нема да презема дополнителни мерки кон даночните обврзници.
*
Има доволна количина на тестови, близу 1.500 во овој момент, а има најава и за донација од илјада тестови и наша набавка за уште илјада која треба да заврши во текот на оваа недела, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој ја поздрави и одлуката на претседателот Пендаровски за прогласување вонредна состојба.
„Од 38 тестирани, позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје.
Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата, состојба до 21:00 часот, изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна“, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
*
„Во вонредна состојба, државата и општеството продолжуваат да функционираат, а правата и слободите не се ограничуваат по автоматизам“, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил. Тој додаде дека во моментот нема одлука за нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните. Остануваат мерките со кои се забранети сите јавни собири на отворено и во затворени објекти, објасни Спасовски, а ќе се засилат контролите спроведувањето на овие мерки за доброто на граѓаните. За сите дополнителни мерки од Владата јавноста ќе биде навремено информира
*
Во Дебар пристигна хуманитарна помош што е донација од Црвенот крст на Република Северна Македонија. Помошта се состои во прехранбени артикли, средства за одржување хигиена, ќебиња, душеци, детска, машка и женска облека. Складирана е во магацинските простории на дебарската организација на Црвен крст.
*
Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе предлози за казнен налог за седум лица, сите од Кавадарци кои во одделни случаи го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Б. Јорднаовска
Прочитајте повеќе во дневникот во 17 часот: