• Latest

И во време на вонредна состојба како пандемија, владите имаат должност да го осигураат пристапот до информации

March 19, 2020
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И во време на вонредна состојба како пандемија, владите имаат должност да го осигураат пристапот до информации

Владите мора да ги промовираат и да ги заштитат пристапот до и слободниот проток на информации за време на пандемија, велат експертите за слобода на медиумите

March 19, 2020 19:56
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови на пораст на проблемите предизвикани од пандемијата на COVID-19, набљудувачите на слободата на изразување и слободата на медиумите за Организацијата на обединетите нации (ООН), Интер-американската комисија за човекови права (АЕКЧП) и Претставникот за слобода на медиумите на Организација за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) денес излегоа со заедничко соопштение за јавност.

Во соопштението се вели дека се сериозно загрижени за луѓето насекаде соочени со пандемијата на COVID-19. „Во момент на таква сериозност, целосно ги разбираме и поддржуваме напорите на здравствените работници и владите за развој и имплементација на стратегии за заштита на човечкото здравје и човечкиот живот. Фундаменталното и неотуѓиво право на живот е доведено во прашање, а владите се обврзани да ја осигураат неговата заштита“, порачуваат во соопштението странските експерти Дејвид Кеј, специјален известувач за промоција и заштита на правото на слобода на мислење и изразување; Арлем Дезир, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите и Едисон Ланза, специјален известувач на ИАКЧП за слобода на изразување.

Човечкото здравје зависи не само од достапната здравствена заштита. Исто така зависи од пристапот до точни информации за природата на заканите и средствата за да се заштитите себеси, вашето семејство и вашата заедница. Правото на слобода на изразување, што го вклучува правото на барање, примање и пренесување на разни информации и идеи, без оглед на границите, преку какви било медиуми, се однесува на сите, насекаде, и може да биде предмет на тесни ограничувања. Во тој контекст, експертите изнесоа неколку барања.

„Прво, од есенцијално значење е владите да понудат вистинити информации за прирордата на заканата од корона вирусот. Владите насекаде се обврзани според законот за човековите права да понудат веродостојни информации во пристапни формати за сите, со посебен фокус на осигурувањето пристап до информации за оние со лимитиран пристап до интернет или онаму каде инвалидитетот претставува предизвик во пристапот.

Второ, пристапот до интернет е пресуден во време на криза. Исклучително е важно владите да се воздржат од блокирање на пристапот до интернет; во оние ситуации каде интернетот е блокиран, владите треба, како приоритет, да обезбедат ургентен пристап до најбрзата и најопсежната интернет услуга. Особено во време на вонредна состојба, кога пристапот до информации е од пресудно значење, воведувањето целосни рестрикции на пристапот до интернет не може да биде оправдано по основ на јавен ред или национална безбедност.

Трето, правото на пристап до информации значи дека владите мора да направат исклучителни напори да ја заштитат работата на новинарите. Новинарството има круцијална функција во момент на вонредна состојба во јавното здравје, посебно кога има за цел да ја информира јавноста за критичните информации и кога ги следи активностите на владата. Ги повикуваме сите влади доследно да ги имплементираат нивните закони за слобода на информациите како би се погрижиле сите луѓе, особено новинарите, да имаат пристап до информации.

Четврто, загрижени сме поради тоа што лажните информации за пандемијата можат да доведат до здравствени проблеми, паника и неред. Во врска со тоа, есенцијално е владите и интернет компаниите да се справат со дезинформациите во прво време самите понудувајќи веродостојни информации. Тоа може да биде во форма на масивно испраќање пораки до јавноста, поддршка за соопштенија од јавен интерес и итна поддршка за јавните сервиси и локалното новинарство (на пример, преку владини реклами за здравјето).

Прибегнувањето кон други мерки, како отстранување на содржини и цензура, може да резултира со ограничен пристап до важни информации за јавното здравје и треба да се преземат само кога ги исполнуваат стандардите за неопходност и пропорционалност. Какви било обиди за криминализирање на информации поврзани со пандемијата може да креира недоверба во институционалните информации, да се предизвика доцнење во пристапот до веродостојни информации и да има застрашувачки ефект на слободата на изразување.

Петто, свесни сме за зголеменото користење на технологија за надзор за да се следи ширењето на корона вирусот. Иако ја разбираме и поддржуваме потребата за активни напори за справување со пандемијата, исто така е круцијално користењето на такви алатки да биде органичено, во смисла и на целта и на времето, и индивидуалните права на приватност, недискриминација, заштита на новинарските извори и други слободи да бидат строго заштитени. Државите мораат да ги заштитат и личните информации на пациентите. Упатуваме цврсто барање употребата на таква технологија да се придржува до најстриктните заштити и да биде достапна само во согласност со домашните закони кои се во склад со меѓународните стандарди за човековите права“.

Сосема на крајот, заокружувајќи го соопштението, тие упатуваат благодарност до сите медицински и здравствени работници кои се ставаат себеси во првите линии во третирањето на болните.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ