• Latest

Состојбата во светот со Ковид-19

March 19, 2020
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Состојбата во светот со Ковид-19

March 19, 2020 18:52
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 230.047 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 9.386, а оздравеле 86.256 лица.

– Велика Британија не може да ја запре пандемијата на коронавирус, па ќе работи на управување со заразата на тој начин што ќе ги јакне капацитетите во јавното здравство, изјави советникот за здравство на британската Влада Крис Вити.

– Во Швајцарија од вчера се регистрирани нови 824 случаи на зараза, со што вкупниот број се зголеми на 3.939 лица. Во последното деноноќие починале три лица, со што вкупниот број смртни случаи се искачи на 36.

– Во Босна и Херцеговина потврдени се уште два случаи на Ковид-19. По еден во Зеница и Бихаќ, со што се вкупно 47. Од нив, во Република Српска се 27.

– Плажите на јужниот медитерански брег на Франција, како и на островот Корзика ќе бидат затворени. Тоа е нова мерка со цел сузбивање на ширењето на епидемијата. мерката е донесена откако било утврдено дека „многу луѓе, многу време“ минуваат на плажите.

– Индија престана да прима авиони од странство, ги ограничи јавните собирања на луѓе и ги блокираше патиштата до Кашмир, откако во областа беа регистрирани првите заразени со коронавирусот.
– Француските власти ќе го продолжат двонеделниот карантин ако нема подобрување на ситуацијата со коронавирусот, изјави министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

– Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ соопшти денеска дека следните 14 дена ќе ги мине во самоизолација.  Таа на Твитер соопшти дека тоа е во согласност со владините мерки, по враќањето од САД, каде ја затекна пандемијата.

– Во Австрија денеска попладне бројот на инфицирани со Ковид-19 ја надмина бројката од 2000 лица. Министерството за здравство информира дека од 13.724 тестирани – 2013 лица се позитивни на вирусот.

– Експертот за човекови права во ОН Мајкл Линк изрази загриженост за потенцијалното влијание на Ковид-19 на палестинската територија во Појасот Газа. – Тамошниот здравствен систем колабираше и пред појавата на пандмијата. Залихите на суштински лекови е хронично ниска. Нивните природни извори за вода, во голем дел се контаминирани. Нивниот систем за снабдување со електрична енергија само повремено обезбедува струја. Голема сиромаштија владее таму, предупреди Линк.

– Премиерот на Индија Нарендра Моди наложи в недела од 7 до 21 часот, како тест за нацијата дали ќе може да ги почитува мерките против ширењето на коронавирусот. Во земјата со 1,3 милијарди луѓе досега има четири смртни случаи и над 170 заразени.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ