МНР и Министерството за транспорт и врски треба да ги организираат хуманитарните летови за да си ги донесеме граѓаните дома. Сите граѓани што ќе дојдат во поголеми хуманитарни летови ќе бидат во задолжителен државен карантин минимум 15 денови за да се заштити здравјето на населението кое е веќе во татковината. Трошоците за сместување во карантин ќе бидат на товар на државата“, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Тој ги повика македонските граѓаните кои се во странство до утре во 18 часот да се пријават во најблиското Дипломатско-конзуларно претставништво за да се организираат тие летови.
Околу 2.300 македонски граѓани се пријавиле дека се заглавени низ целиот свет, но таа бројка варира. Фокусот на МНР е да им помогне на тие на нашиот континет.
-Ние немаме информација за нивната здравствена состојба, рече Димитров нагласувајќи дека државата не може редовно да организира хуманитарни летови, па тие што сакаат да се вратат да се пријават веднаш. Ниту еден од тие што биле пријавени во конзулатот во Истанбул, нагласи Димитров, откако дознале дека ќе бидат ставени во задолжителен карантин, одбиле да се качат во авионот кој требало да ги донесе преку Црна Гора.
-Упативме апел до нашите граѓани кои се во други држави да се пријават во дипломатските претставништва, за државата да организира враќање во татковината.До сега има пријавени 2.300 низ целиот свет, а концентрацијата е во европските држави. На владина седница разговаравме за ова и не задолжи нас во соработка со Министерството за транспорт и врски да организираме хуманитарни летови за да си ги донесеме граѓаните дома.Се формира и тело за задолжителен државен карантин. Врз основа на законските прописи за заштита на јавно здравје, владата одлучи сите кои ќе дојдат да бидат во државен карантин 15 дена. Ова е за да се заштити и другиот државен интерес, односно заштита на здравјето на сите кои се веќе во татковината, извести Димитров.
Димитров информираше дека во договор со Црна Гора направен е обид да се донесат македонски граѓани кои биле во Истанбул со хуманитарен лет на црногорската влада, но кога ги информирале дека ќе бидат во задолжителен карантин ниту еден од нив не сакал да ја искористи можноста да се врати назад.
Тој најави дека во со следните денови ќе се организира хуманитарен конвој од Црна Гора, каде што има околу 70 македонски граѓани и тие исто така ќе бидат во задолжителен државен карантин.