Во „Службен весник“ со број 70 од 19.3.2020 година објавени се првите владини Уредби со законска сила. Ова се првите одлуки со коишто извршната власт менува закони по прогласувањето на вонредната состојба, што инаку е надлежност на законодавната власт – Собранието.
Четирите Уредби со сила на закон кои од синоќа стапија на сила се однесуваат на:
- примена на Законот за вештачење за време на вонредна состојба
- примена на Законот за правосуден испит за време на вонредна состојба
- примена на Законот за медијација за време на вонредна состојба
- примена на Законот за нотирајат за време на вонредна состојба
Во сите четири закони измените што привремено ги носи Владата се од техничка природа. За време на вонредната состојба, се одлага полагањето на испитите за вештаци, нотари, медијатори и правосудниот испит.