• Latest

МИОА обезбедува дневни дозволи за работа после 21 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари/бурекџилници, за приватни фирми, дозволи обезбедуваат работодавачите

March 23, 2020
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МИОА обезбедува дневни дозволи за работа после 21 часот за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари/бурекџилници, за приватни фирми, дозволи обезбедуваат работодавачите

Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здравствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.

March 23, 2020 16:45
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.
Дозволите се издаваат за вработените во органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства, а не можат да ги прилагодат според периодот на забраната за движење, како и за вработените во здравствените организации (вклучително и приватните) и општинските кризни штабови.

Органите на државната власт (извршна и судска) кои имаат потреба од дежурства и општинските кризни штабови треба да достават неделни распореди за вработените за кои се потребни дозволите за движење, како и табела со следните податоци за вработените: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Општинските кризни штабови доставуваат податоци преку Заедницата на единици на локални самоуправи (ЗЕЛС) до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.

Податоците потребно е да ги достават секој ден – најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.
Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување.

За вработените во здравствените организации (вклучително и приватните), здравствените организации треба да се достават податоци за сите вработени лица: име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон и меил. Пријавата се доставува до МИОА на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување.

Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење и за медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал), пекарите/бурекџилниците и погребалните претпријатија.

За медиумските работници и другите вработени во медиуми кои се дел од мобилните екипи на медиумот (фотографи, камермани и останат технички персонал) се потребни следните информации:
– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна недела поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на следната меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).

За останатите работни седмици потребно е информациите да се достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работна седмица.

Дозволите ќе се издаваат на сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на ААВМУ (Регистар на печатени медиуми / Регистар на телевизии / Регистар на радија), како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми).

За пекарите/бурекџилниците се потребни следните информации:

– тековна состојба за правното лице, не постара од 6 месеци,
– фотографија од објектот во кој се врши дејноста,
– име и презиме, ЕМБГ, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.
Образецот на табелата во прилог на ова известување, заедно со скенирана тековна состојба и фотографија од објектот е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk .

За погребалните правни лица се потребни следните информации:
– име и презиме, матичен број, мобилен телефон, меил и причини поради кои е потребна дозволата.

Оваа информација е потребна за секоја работна седмица поединечно.

Образецот на табелата е во прилог на ова известување и е потребно да се достави до Министерството за информатичко општество и администрација на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk најдоцна до денеска (23.03.2020 година) до 17:00 часот за тековната работна недела (заклучно со 29.03.2020 година).
За останатите работни седмици потребно е да ги достават секој ден најдоцна до недела 12:00 часот, за наредната работната седмица.

Сите погоре споменати правни лица потребно е веднаш да го известат Министерството за информатичко општество и администрација во случај на промени на неделните распореди на меил адресата: cabinet@mioa.gov.mk

За вработените во медиуми кои извршуваат работни задачи во просториите на самиот медиум, како и за вработените во приватни фирми кои работат во смени (периодот меѓу 21:00 часот и 6:00 часот наредниот ден), работодавачот е потребно да го извести Државниот инспекторат за труд и на овие вработени им издава потврда во рамки на самата организација.

Во прилог образец/потврда, што секој работодавач во приватна фирма треба да го издаде за вработените кои е неопходно да работата во смени, односно после 21:00 часот. Образецот, вработениот има обврска да го покаже при идентификација, на службеното лице од Министерството за внатрешни работи.

Овие обрасци служат како дозвола за движење единствено од домот до работното место и назад.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ