• Latest

24 март, вонредна состојба, ден 6: ЕУ одлучи да почне преговори со Северна Македонија и Албанија, нови случаи на КОВИД-19, приведувања, прекршочни и кривични пријави

March 24, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 март, вонредна состојба, ден 6: ЕУ одлучи да почне преговори со Северна Македонија и Албанија, нови случаи на КОВИД-19, приведувања, прекршочни и кривични пријави

March 24, 2020 17:31
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ЕУ одлучи да почне преговори со Северна Македонија и Албанија

Министрите за европски прашања на ЕУ денеска одлучија дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите без никакви дополнителни услови, јави дописничката на МИА од Брисел.

Денешниот министерски состанок се одржа преку видеоконференција – како и прес конференциите потоа – одлучено е да се одобрат заклучоците усогласени на амбасадорско ниво, односно дека Северна Македонија направила доволен напредок за да ги започне преговорите веднаш, додека пак за Албанија се поставени неколку дополнителни услови, поврзани за судството и борбата против корупцијата.

„Северна Македонија ја забрза работата од октомври, донесен е Преспанскиот договор, билатералниот договор со Бугарија кој дава пример за целиот регион, ова треба да го отвори патот за земјата“, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, нагласувајќи и дека земјата успеа да го донесе и законот за јавно обвинителство во услови на техничка влада.

Веста од Брисел за почнување преговори за членство во ЕУ е верификација на успехот на нашите напори, крај на нашето чекање од 15 години по добивање на кандидатскиот статус за членство во ЕУ и признание за постигнатите резултати.

Ова го истакна премиерот Оливер Спасовски на задничката прес-конфернеција во Владата со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Советот на Европската унија за општи работи – ГАК (General Affairs Council of the EU) привремено ги сменил своите правила и процедури за да може денеска на состанок преку видео-конференциска врска да донесе одлука за почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија, рече Андреја Метелко Згомбиќ, државна секретарка за европски прашања на хрватското претседателство, на денешната видео-пресконференција.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Димитров: Северна Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во ЕУ

„И покрај вонредните околности предизвикани од ситуацијата со коронавирусот особено цениме што ЕУ најде време и волја веродостојно да оддаде признание на досега сработеното. Северна Македонија по 15 години во чекалната како земја кандидат и по  разочарувањата во јуни 2018, јуни 2019 и октомври истата година, конечно го помиунува прагот и ќе може да започне следната заслужена фаза од својот европски пат.“

Ова го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров на заеедничката прес-конференција во Владата со премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за евроинтеграција Бујар Османи откако денеска Советот за општи работи на ниво на министри за надворешни работи на ЕУ постигна предлог заклучок за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 6

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата, од кои седум во Скопје и пет во Куманово. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус денеска до 12 часот изнесува 148 лица.

*

Забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот на целата територија на земјава во изминатото деноноќие, односно на 23 и 24 март, не ја почитувале 133 лица, најмногу во Скопје – 44, при што приведени се 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати.

*

Основното јавно обвинителство – Куманово до Основниот суд во Куманово достави предлози за издавање на казнен налог за три лица што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од  јавното обвинителство. Обвинетите во одделни кривично правни настани не ги почитувале мерките за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19 и не постапиле по определените прописи и упатства за сузбивање и спречување на заразна болест.

ФЛЕШ ВЕСТИ:

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бујар Османи оцени дека денешната одлука за добивање датум за преговори со ЕУ е свеж зрак оптимизам што ќе ни помогне полесно да ја надминеме и кризата со коронавирусот, повикувајќи ги граѓаните да бидат оптимисти, трпеливи и, пред се, внимателни. Успеавме, потенцираше тој, затоа што заслуживме.

*

Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„Од срце им честитам на двете земји. Ова исто така испраќа и јасна порака до земјите од Западен Балкан: Вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји на неговиот официјален Твитер налог.

*

Над 50 штитови за лице Општина Прилеп распредели денеска во прилепската градска болница „Борка Талески“. Заштитните 3Д-штитови, превенствено се наменети за персоналот од Инфективното одделение како и за лекарите специјалисти и останатиот медицински персонал кој е во непосреден контакт со пациентите.

*

Приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи кои вршат дејност за интензивна нега и терапија, ќе ја вршат оваа дејност во мрежата на здравствени установи за укажување здравствени услуги на пациенти заболени од коронавирус, одлучи Владата на вчерашната седница.

*

Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со МНР на Црна Гора и Косово, утрово организираше враќање на 63 македонски граѓани во својата земја, со еден автобус и 19 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

*

На граничниот премин Деве Баир кај Крива Паланка во изминатото деноноќие во државата влегле четириесет лица кои се однесени во државен карантин, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток.

*

Закажувањето за земање брисеви за тестирање од коронавирус од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар.

*

Од утре  ќе биде во функција унифицирана национална веб-платформа за далечинско учење од дома за сите основци и средношколци. Линкот до е-училницата е: www.eduino.gov.mk и ја изработува Бирото за развој на образованието во соработка со УНИЦЕФ по примерот на ефикасни платформи за далечинско учење што се користат во регионот, пред сè во Хрватска.

*

Против предлогот за намалување на платите денеска реагираше и Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оттаму посочуваат дека платите на вработените во администрацијата и образованието се мали и недоволни за да се покријат основните трошоци и оти ваквиот предлог ќе биде уште еден удар врз науката и вработените во високото образование, имајќи предвид дека пред распуштањето на Собранието не се остварило најавеното зголемувањето на платите.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Што остана уште ненапишано и неискажано за актуелнава ситуација во светот со корона вирусот?

Како и многумина други во професијава, претпоставувам, претплатен сум на десетина дневни њуслетери на најугледни светски медиуми и дневно следам барем уште толку други извори на информации… Последниве две-три недели, над 90 отсто од содржините (барем, говорам за оние објавени на англиски и повеќето балкански јазици), што е веројатно нормално, се однесуваат на вирусната пандемија. Никој ништо друго не прави, не чита, не гледа, не слуша, освен за коронава“, пишува Сашо Орданоски во Хистеријата е општа, последиците се трајни.

Ангела Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ