• Latest

Димитров: Северна Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во ЕУ

March 24, 2020

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров: Северна Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во ЕУ

March 24, 2020 16:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај вонредните околности предизвикани од ситуацијата со коронавирусот особено цениме што ЕУ најде време и волја веродостојно да оддаде признание на досега сработеното. Северна Македонија по 15 години во чекалната како земја кандидат и по  разочарувањата во јуни 2018, јуни 2019 и октомври истата година, конечно го помиунува прагот и ќе може да започне следната заслужена фаза од својот европски пат.

Ова го изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров на заеедничката прес-конференција во Владата со премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот за евроинтеграција Бујар Османи откако денеска Советот за општи работи на ниво на министри за надворешни работи на ЕУ постигна предлог заклучок за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Од сега натаму и ние ќе имаме почетна точка од кога ќе го мериме времето, од кога започнуваме позитивен натпревар со останатите во спроведувањето на реформите и во усвојувањето на европските стандарди. И досега, но отсега па натаму уште повеќе од нас самите зависи. Северна  Македонија конечно и безусловно ги започнува преговорите за членство во ЕУ, рече Димитров

Тој нагласи дека Советот недвосмислено потврди дека Северна Македонија направила опипливи и одржливи резултати во однос на реформите и ја поканува ЕК веднаш да ја подготви преговарачка рамка, а првата меѓувладина конференција да биде свикана што е можно побрзо по усвојувањето на преговарачката рамка. Воедно, додаде Димитров, Советот ја поканува Комисијата да го дозаврши скрининг процесот започнувајчи со кластерот за фундаменталните вредности.

– Би сакал вам македонски граѓанки, граѓани на нашата Република во овие предизвикувачки времиња од срце да ви честитам за успехот, но и да ве потсетам: Одлуката на Советот не дојде лесно, ниту пак ни е подарена. Ние и вие заедно со макотрпна работа и жртвувања ја заслуживме шансата да покажеме дека му припаѓаме на евопското семејство, рече министерот Димитров.

Тој нагласи дека пред земјата постоеја многу искушенија и преобмислувања, но изодевме тежок реформски пат во вонредни околности кога моравме да ја закрепнеме заробената правна држава. Го склучивме, рече Димитров, Преспанскиот договор и ги усвоивме уставните амандмани со опструкции одвнатре и однадвор, што не беше едноставно, но покажавме визија, разумност и политичка храброст.

– Сега НАТО и новото поглавје со ЕУ се реалност и можеби е добро овој пат ние политичарите да ви се заблагодариме вас на граѓаните за успехот, непоколебливата надеж, верба и добро завршената работа. Бидете горди дека исполнивме дел од заветот на вашите баби и дедовци и мајки и татковци и отворивме нова перспектива за нашите деца, за идните поколенија, рече Димитров.

Тој предупреди дека патот натаму ќе биде уште потежок и пострмен, а повторно од нас ќе зависи колку брзо и со како ќе го минуваме патот до денот на полноправното членство во ЕУ.

– Но, денес е ден на зрак надеж дека можеме и дека направивме и никој не може тоа да ви го одземе. Нека ви е честит успехот. Се надевам дека сите заедно ќе го совладаме и предизвикот со пандемијата на коронавирусот. Честито татковино, честито народе, изјави Димитров. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ