• Latest

(ВЕСТИ, 23:00) Вонредна состојба, ден 6: Тројца вработени во МВР, двајца доктори и медицинска сестра и двегодишно дете меѓу заболените од коронавирус, се укинува превозот во и од Куманово

March 24, 2020

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(ВЕСТИ, 23:00) Вонредна состојба, ден 6: Тројца вработени во МВР, двајца доктори и медицинска сестра и двегодишно дете меѓу заболените од коронавирус, се укинува превозот во и од Куманово

March 24, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на министрите за европски прашања за почеток на преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија, претставуваат добри вести во овие тешки времиња, оценија претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Со слична оценка излезе и алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Милтиадис Варвициотис, кој изјави дека „ова е важен ден за Европската унија, а со одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, се потврдува стратешката агенда „Солун 2003“.

*

Република Северна Македонија ќе добие 69 милиони евра од ЕУ за справување со состојбата со коронавирусот, соопшти министерот за надворешни работи Никола Димитров.

*

Веста од Брисел за почнување преговори за членство во ЕУ е верификација на успехот на нашите напори, крај на нашето чекање од 15 години по добивање на кандидатскиот статус за членство во ЕУ и признание за постигнатите резулти, истакна премиерот Оливер Спасовски. И претседателот на Собранието, Талат Џафери им ја честиташе на граѓаните одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговори со нашата земја.

*

Датумот – уште една изгубена битка за лудаците, уште една победа за нашата подобра иднина, пишува Петрит Сарачини во својата колумна за ЦИВИЛ МЕДИА.

*

Честитките за одлуката на ЕУ, Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, ги преплавија социјалните мрежи, со илјадници позитивни реакции.

*

Не треба да се чека министерски состанок за да се потврди нашето членство во НАТО, туку нашето членство станува и де јуре и де факто во оној момент кога ние ќе го испратиме нашиот ратификуван протокол во Вашингтон, откако тоа ќе го сторат останатите земји членки. Практично моментот кога тој ќе биде примен и активиран во Стејт департментот е момент кога РСМ ќе стане 30 членка на НАТО, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

*

Шекеринска регираше на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ и ги повика да престанат со лаги.

-Најдиректно ја демантирам лагата која е јасно дека е лага дури на секој граѓанин кој ќе врзе два со два. Лага е дека било кој, а особено јас изминатава недела, замислете, сум била на службени патувања и сум ги трошела државните пари на патувања и репрезентации. Тоа е истава недела кога скопскиот аеродром во главно беше затворен. Тоа е истата недела кога секој добронамерен па дури и злонамерен граѓанин кој ќе седне на Фејсбук и кликне, ќе види дека јас како и сите други колеги сум секој ден присутна на Главен штаб и на владина седница, рече Шекеринска.

*

Најмладиот пациент заболен од коронавирус во земјава е двогодишно дете од Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека позитивни на коронавирусот се и родителите на детето, но оти сите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Семејството било заболено како резултат на локална трансмисија. Во Скопје има седум, а во Куманово пет нови заразени со коронавирусот.

*

Се укинува меѓуградскиот превоз од и до Куманово, се укинува градскиот превоз и се затвораат сите продавници кои се наоѓаат во полузатворените трговски центри во Куманово, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

*

Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи се заболени од коронавирусот. Едниот е полициски службеник во ПС – Бит пазар, вториот е од крим техника и третото лице, кое е денеска потврдено, е од оддел за јавни набавки во Министерството за внатрешни работи.

*

Министерството за внатрешни работи најостро ќе постапи против сите оние лица кои ќе објават на социјалните мрежи лажни вести кои ќе предизвикаат вознемиреност и паника кај граѓаните.

*

Одделението за трансфузилогија во Охрид е затворено заради тоа што персоналот бил во контакт со лице кое како пациент дошло преку системот „Мој термин“, а по неколку дена му се развиле симптоми и сега е дифинитивно дијагностициран со коронавирусот, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Дехран Муратов


24 март, вонредна состојба, ден 6: ЕУ одлучи да почне преговори со Северна Македонија и Албанија, нови случаи на КОВИД-19, приведувања, прекршочни и кривични пријави

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ