• Latest

Комитет за превенција на тортура на СЕ: Апсолутна забрана за тортура, нехуман и деградирачки третман на лица лишени од слобода

March 25, 2020

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание по повеќе од четири месеци и 58 обиди

August 26, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

August 26, 2025

Академски пленум на Србија: Санкционирањето наставници поради протести е дискриминација

August 26, 2025
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Светските лидери и новинарските зруженија со осуда на израелскиот напад во Газа во кој загинаа пет новинари

August 26, 2025

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ПРОПАГАНДАТА: Лажна фотографија од Запорижја – стар наратив, нова манипулација

August 26, 2025
Војо Маневски

Зимницата и тетратките бараат нови политики

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Француската влада ризикува колапс со гласање за доверба на буџетот во септември

August 26, 2025

Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за намалувањето на бројот на советници

August 26, 2025
Фото: шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки/ Х

Ветото на полскиот претседател не го загрозува пристапот на Украина до Старлинк, тврди канцеларијата на Навроцки

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Комитет за превенција на тортура на СЕ: Апсолутна забрана за тортура, нехуман и деградирачки третман на лица лишени од слобода

March 25, 2020 13:45
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За апсолутна забрана за тортура, нехуман и деградирачки третман, апелира Комитет за превенција од тортура на Советот на Европа, кој го објави мислење за третманот на лицата лишени од слобода во време, кога се преземаат сериозни мерки во борба против Ковид-19.

Од Хелсиншкиот комитет наведуваат дека Комитетот за превенција од тортура го објавил ова мислење веднаш по апелот на 50 европски невладини организации, кои се вклучени во областа на здравјето во затворите.

Овие организации изразија вознемиреност од неподготвеноста на казнено-поправните управи да се справат со ширењето на коронавирусот на континентот и од недоволното размислување за специфичната состојба на затворите во националните планови за подготвеност и системите за справување со инциденти во областа на јавното здравје.

Потсетија дека во секое време во затворите низ континентот има над 1,5 милиони лица и согласно меѓународните договори, земјите се обврзани да ги преземат потребните мерки за заштита на животот и здравјето на притворените и затворените лица.

Организациите-потписнички ги алармираа засегнатите меѓународни организации, пред сè СЗО и Советот на Европа, за сериозните недостатоци забележани на терен и ги повикаа да направат притосок врз владите да преземат посебни здравствени мерки.

Комитетот во своето мислење наведува дека предизвиците на вработените кои работат во затворените институции  се специфични и интензивни, а тука спаѓаат полициските станици, казнено-поправните установи, прифатните центри за странци и мигранти, психијатриските болници и социјалните заводи, како и различните ново-воспоставени установи/зони каде што лица се сместени во карантин.

Мерките за заштита од вирусот не смеат да резултираат со нехуман и деградирачки третман кон лицата лишени од слобода. Според мислењето на КПТ, сите органи под чија надлежност спаѓаат лицата лишени од слобода, на територијата која ја опфаќа Советот на Европа, треба да ги применуваат следните принципи:

-Преземањето на сите возможни мерки за заштита на здравјето и безбедноста на сите лица лишени од слобода мора да биде основен принцип. Преземањето на овие мерки исто придонесува кон зачувување на здравјето и безбедноста на вработените во овие установи.

-Насоките на Свестската здравствена организација (СЗО) за заштита од пандемија, како и националните здравствени и клинички насоки кои се во согласност со меѓународните стандарди мора да бидат испочитувани и целосно имплементирани во сите затворени институции.

-Треба да се зголеми бројот на вработени во овие установи, а вработените треба да ја добијат целата професионална поддршка, заштита на нивното здравје и безбедност, како и обуки неопходни за да можат да продолжат во извршување на нивните задачи во затворените установи.

-Кои било рестриктивни мерки преземени во однос на лица лишени од слобода со цел спречување на вирусот КОВИД-19 треба да бидат законски основани, неопходни, пропорционални, треба да го почитуваат човековото достоинство и да бидат временски ограничени. Лицата лишени од слобода треба да добијат сеопфатни информации, на јазикот кој го разбираат, за сите овие мерки.

-Бидејќи блиските контакти поттикнуваат ширење на вирусот, сите надлежни органи треба да вложат концентрирани напори за применување на алтернативни мерки наместо лишување од слобода. Ваквиот пристап е императивен, особено во ситуации каде што постои пренатрупаност. Дотолку повеќе, властите би требало повеќе да ги употребуваат алтернативните мерки за притвор, преиначување на казните, предвремен отпуст од затвор или пробација, преиспитување на мерките за задолжително лекување во психјатриски установи, отпуст или пуштање на лицата сместени во социјални заводи, доколку тоа е прифатливо, како и воздржување, во најголема возможна мерка, од задржување/притворање на мигранти.

-Во однос на здравствената заштита, посебно внимание е потребно за специфичните потреби на лицата лишени од слобода, со посебен осврт на ранливите групи и/или ризичкните групи, ако што се постарите лица и лицата со веќе постоечки здравствени проблеми. Ова опфаќа, меѓудругото, скрининг на постоење на вирусот КОВИД-19 и начини за пружање интензивна нега ако тоа е потребно. Понатаму, во вакви времиња, лицата лишени од слобода треба да добијат дополнителна психолошка поддршка од вработените.

-Иако е легитимно и разумно да се суспендират неесенцијалните активности, фундаменталните права на лицата лишени од слобода мораат да бидат испочитувани во целост. Ова го вклучува правото на одржување адекватна лична хигиена (вклучувајќи пристап до топла вода и сапун) и право на дневен пристап до свеж воздух (најмалку еден час). Понатаму, сите ограничувања на контакти со надворешниот свет, вклучувајќи посети, треба да бидат компензирани со зглемен пристап до алтернативни начини на комуникација (како што е телефон или комуникација по пат на интернет/ Voice-over-Internet-Protocol)

-Во случаи на изолација или каратин на лице лишено од слобода кое заболено или постои сомневање дека е заболено од САРС-КоВ-2 вирусот, на ова лице треба да му се овозможи суштински човечки контакт секој ден.

-Основните механизми за заштита од нехуман третман на лицата задржани во полициска станица (пристап до адвокат, пристап до лекар, известување за задржување) треба да бидат целосно испочитувани во сите околности и во секој момент. Мерки за претпазливост (како што е барање лицето со симптоми да носи заштитна маска) може да биде соодветно решение во некои случаи.

-Мониторингот кој што го вршат независни тела, вклучувајќи го Националниот превентивен механизам (НПМ) и КПТ, и понатаму се основни механизми за заштита против нехуман третман. Државите треба и понатаму да гарантираат пристап на сите тела за мониторинг во сите места каде што се сместени лица лишени од слобода, вклучувајќи ги и местата каде што се сместени лица во карантин. Меѓутоа, сите мониторинг тела треба да ги преземат сите мерки на претпазливост, со цел да се придржуваат на принципот „непредизвикување штета“, посебно кога работат со постари лица и лица кои имаат постоечки здравствени проблеми.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ