• Latest

Спасовски-Брнз: Завршните чинови за членство во НАТО и одлуката за преговори со ЕУ се признание за остварувањата на реформите, Владата успешно се справува со корона вирусот

March 26, 2020

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Спасовски-Брнз: Завршните чинови за членство во НАТО и одлуката за преговори со ЕУ се признание за остварувањата на реформите, Владата успешно се справува со корона вирусот

March 26, 2020 16:44
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја Кејт Мери Брнз, која на средбата ги пренесе честитките на нејзината земја за позитивната одлука на Брисел за почеток на преговорите за членство во ЕУ и за скорешно добивање полноправно членство во НАТО.

Одлуката на ЕУ и завршните чинови за полноправно членство во НАТО, рече на средбата амбасадорката Брнз, доаѓаат во многу тешки моменти за сите, но ја покажува посветеност на земјата да истрае во остварувањето на евро-атлантските аспирации, и ја потврдува искрената и силна поддршка што на Република Северна Македонија ѝ ја даваат САД и ЕУ. Евро-атлантското интегрирање на Северна Македонија е од стратешка важност за САД и ЕУ, и ќе овозможи да имаме уште поблиска соработка како сојузници во НАТО.

Премиерот Спасовски на средбата се заблагодари за честитките, и истакна дека тоа се долго очекувани остварувања на две стратешки прашања, кои, иако пристигнаа во тешко време, се признание за остварувањата на земјата, особено во последните три години и дека им донесоа радост и задоволство на граѓаните на Северна Македонија.

„Двете одлуки се многу добра порака за сите во државата, но и за целиот регион. Се покажува дека тешките одлуки и важните реформи се почитуваат и вреднуваат. Беше потребна храброст и политичка визија за да се постигнат овие резултати. Владата предводена од Заев, навистина за многу краток период успеа да ги реши проблемите со соседите и да направи значајни домашни демократски реформи“, рече претседателот на Владата Спасовски.

На средбата со амбасадорката Брнз премиерот Спасовски ја изрази неговата, како и благодарноста на Владата и на граѓаните на земјата за сета голема поддршка на САД во двата процеса.

„Сега имаме јасна перспектива и сигурна иднина за целата држава, подготвени сме да ги преземе обврските како полноправна членка на НАТО. Се спремаме за преговори со ЕУ, сакаме да бидеме успешни и брзи. Преговорите се шанса да ги донесеме европските вредности дома и да ги реформираме нашите институции, што е од корист на сите граѓани“, истакна на средбата премиерот Спасовски.

На средбата стана збор и за менаџирањето на ситуацијата со коронавирусот. Премиерот Спасовски рече дека Владата е во постојано заседание на таа тема и ги презема сите неопходни и максимални напори, меѓу кои најголем приоритет е поддршката и зајакнување на здравствениот систем, за да се зачува здравјето и животот на граѓаните.

Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз од своја страна на средбата упати честитки за тоа како Владата се справува со коронавирусот. Ја истакна комуникацијата на Владата за сите активности и мерки на оваа тема, како и транспарентноста и инклузивноста на донесување на одлуки.

Во таа насока, премиерот Спасовски нагласи дека воведувањето на вонредната состојба ѝ даде можност на Владата за поголема флексибилност и можности за креирање на решенија, и донесе поголема дисциплина во администрацијата и кај населението.

Истовремено, рече премиерот Спасовски, Владата е целосно посветена на обезбедување на поддршка за економијата и намалување на штетните економски ефекти од пандемијата. Се прават рестрикции и намалувања на сите непродуктивни трошоци во јавниот сектор, и ќе се даде голем пакет мерки за поддршка на приватниот сектор.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ