Обезбедени се 55 респираторни машини од кои 25 од страна на Канцеларија за услуги на проекти на ОН (УНОПС), преку средствата обезбедени од Норвешка и 30 преку УНДП од добавувач од Кина, за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со коронавирусот, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2347546895552330
Тој вчера на прес-конференција истакна дека во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови, реагенси за тестирање на коронавирусот