Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција потврди дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на корона вирус и тоа Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 219 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2), Тетово (2), Гостивар (1).
Филипче потенцираше дека засега имаме 3 излекувани и 3 починати граѓани.
„Бројките на регистрирани заболени од корона вирусот се апсолутно точни и да нема дилема во јавноста дека има простор за манипулација. На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби сместени се 41 пациент од кои 7 во потешка состојба, но се респераторни независни… Поделени се 3.000 заштитни маски и хируршки ракавици на матичните лекари, а утре се чекаат уште 3000 маски и ракавици за нив. За кратко време се очекува поставување на мобилна болница до клиниката, со 130 кревети, со што се дуплира капацитетот на Клиниката. Во таа болница ќе ги има сите потребни услови за вршење на здрвствена дејност“, изјави Филипче.
Тој истакна дека е добро што во нашата земја имаме линерано зголемување на заболени што е добро, а здравствените капацитети се спремни дури и да се случи нагло зголемување на бројот на заболени.
„Точната бројка на заболени здравствени работници е 17. Голем дел од нив не биле свесни дека биле во контакт со заболени лица, како што е случајот во Куманово или здравствените работници од Кавадарци што се во самоизолација, а допрва треба да се тестираат“, истакна Филипче.