Општествено одговорни компании донираа прехранбени и хигиенски пакети за ранливите категории граѓани од Куманово, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
-Обезбедени се пакети со прехранбени продукти, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција од донатори и општината. Благодарност до “Елида маркет” Куманово [http://www.elida.
Пакетите ќе бидат дистрибуирани од утре до социјално најзагрозените семејства во градот. Димитриевски апелираше на разбирање до граѓаните и најави дека наредните денови ќе се обезбедат дополнителни количини. Граѓаните ги упати да контакрираат на телефонските броеви 075207126 и 077719494, за асистенција.
-Да дадеме предност на социјално најзагрозените граѓани, повика Димитриевски