• Latest

Лимонот и црквените камбани како лек против короната „уловени“ од борците против дезинформациите

April 1, 2020
Фото: Скриншот од видео на
TRT World

САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 14, 2025

24 ЧАСА: За платено политичко рекламирање пријавени 333 медиуми; Се активира механизмот за претставки за изборни активности онлајн; Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски; Ескалација на протестите во Србија

August 14, 2025

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

August 14, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

August 14, 2025

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 14, 2025
Фото: Володимир Зеленски / Х

Украина врати дома 84 Украинци од руско заробеништво во најновата размена на затвореници – некои заробени од 2014 година

August 14, 2025
Фото: Карл Билд/Х

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

Пуштена во употреба клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

August 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лимонот и црквените камбани како лек против короната „уловени“ од борците против дезинформациите

April 1, 2020 08:55
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Црногорскиот сервис за борба против дезинформациите Raskrinkavanje.me анализираше една „сензација“ што се појавила во поголем број веб-сајтови и популарни портали – дека звукот на црквените камбани позитивно дејствува на човечкото здравје и дека во време на епидемијата треба да се бијат камбаните, оти било научно утврдено дека тоа помага за одбивање на бацилите и вирусите и другите инфективни заболувања што се пренесуваат преку воздух.

Во нејзините различни верзии, објавени на црногорски, српски, но и руски портали се вклучени како извори и митрополитот црногорско-приморски Амфилохије Радовиќ, па некојси руски научник Фотиј Јаковлевич Шипунов, а тврдењата на последниот, овојпат оквалификуван како член на Руската академија на науките, ги пренел и руски епископ Јован.

Владици се повикуваат на „научник“

Голем број на онлајн медиуми или веб-сајтови на традиционални медиуми од Црна Гора и Србија го пренела посланието на митрополитот Амфилохије да се одржуваат молитви и да се бијат камбаните во време на епидемија, а еден портал освен тоа изнел и тврдења за научни истражувања правени своевремено од рускиот научник Фотиј Шипунов кои докажале дека „Црквената музика, а посебно биењето на црквените камбани, позитивно влијае на човековото здравје. Во руски лаборатории, преку експерименти, е утврдено дека осцилацијата на ултразвучниот дијапазон на камбаните ги одбива бацилите на чумата, потоа вирусите и други инфективни заболувања што се пренесуваат преку воздух“.

Трагајќи по изворот на ваквото тврдење на наводниот руски научник, новинарката на Raskrinkavanje.me утврдила дека тоа е објавено два дена претходно на уште еден портал, а текстот бил идентичен на оној објавен на еден блог уште во 2013 година.

Дополнителната потрага при проверката на фактите утврдила и дека руски медиуми отприлика во исто време кога е објавен текстот на порталот на српските јазик пренеле слични тврдења од рускиот епископ Јоан (Сергеј Леонидович Попов), кој исто така „се потпира на истражувања на академикот на Руската академија на науки Фатеј Шипунов, кој се посветил на истражување на квантнана механика и кој верувал дека заедно со физичкиот свет постои и духовен свет, кој управува со физичкиот свет“.

„Научникот“ со многу биографии

Во продолжение на потрагата, новинарката не можела да пронајде веродостојна биографија на Шипунов, оти на некои места стоело дека завршил Шумарски факултет и магистрирал географија, а на други дека бил научник-еколог, историчар, публицист, или пак доктор на биологија, специјалист на квантна механика. Но новинарката не пронашла името на Фатеј Шипунов на списокот на Руската академија на науки – туку само човек со исто презиме – Аркадиј Георгиевич Шипунов.

Raskrinkavanje.me дополнително проверувал научни извори, проверувал истражувања што се занимаваат со звукот и ултразвукот и нивните биолошки ефекти и примената во медицина. Притоа контактирал и физичари што се занимаваат со акустика, коишто тврделе дека ваквите тврдења се научно невтемелени.

„За да може звукот да нанесе штета, мора да биде многу јак и да има фрекфенција специфична за предметот што се сака да се уништи, како во познатиот пример со оперска певица што со гласот крши чаша. Но вирусите се составени од протеини: тие се меки и флексибилни. Замислете оперската певица да се обиде со својот глас да скрши перница со големина на винска чаша. Тоа едноставно е невозможно. Освен тоа, вирусите што би пробале да ги уништите на ваков начин се во белите дробори на нашите сакани. Таму како да се под многу перници и покривачи. Невозможно е било што да им се направи со звук“, пишува новинарката на Raskrinkavanje.me, квалификувајќи ги тврдењата изнесени на почетокот како „псевдонаука“.
Лимонот со сода бикарбона – чудо од Израел?

Raskrinkavanje.me се зафатил и со друг наводен лек за корона вирусот – лимон и сода бикарбона, кои наводно се користеле во Израел, па затоа таму немало смртни случаи од новиот корона вирус.

Ваквите тврдења, пишува новинарката на сервисот за борба против дезинформациите, се ширеле по Вибер, а во пораката се тврди дека е најден лекот за вирусот.

„Пронајден е лек за вирусот COVID-19 или начин за негово отстранување. Од Израел доаѓаат информациите дека овој вирус таму не предизвикал смрт. Рецептот е едноставен – лимон и сода бикарбона. Мешајте и пијте како врел чај секое попладне. Делувањето на лимонот со топла сода бикарбона веднаш го убива вирусот, потполно го елиминира од телото… Сите во Израел ноќе пијат шолја врела вода со лимон и малку сода бикарбона, бидејќи тоа докажано го убива вирусот“, се вели во пораката за наводниот „спас“ од вирусот.

Многу неточности во една лажна вест

Но, тој текст е превод на дезинформацијата што претходно се ширела и на други јазици, но тој содржи повеќе неточни информации. Во Израел прв смртен случај е регистриран на 20 февруари, додека до вчера имало речиси 4.400 заразени и 15 мртви, пишува новинарката, потсетувајќи дека и Светската здравствена организација потсетува дека нема лек за корона вирусот, но затоа уште се протуркуваат старите митови.

Raskrinkavanje.me потсетува на нешто за што е веќе пишувано – дека „иако некои рани трудови го предлагале витаминот Ц како лек за настинка, сепак нема современи научни истражувања што ќе ги поткрепат тврдењата за способноста на витаминот Ц да убие вирус или да го спречи неговото размножување и ширење. Исто така, тврдењето од првите децении на 20. век дека алкализирање на организмот помага, тоа е точно, но само кај некои медицински состојби и сода бикарбон и лимон не може да го убијат корона вирусот“, стои во текстот во кој е анализирана оваа лажна вест.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ