• Latest

Влада: Се пренаменуваат средствата од непродуктивните расходи во средства за справување со здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот

April 1, 2020
Фото: UATV English/ Фејасбук

Данската премиерка: Путин води војна со поддршка од Иран, Северна Кореја и Кина

September 3, 2025

24 ЧАСА: Реџепи го блокира надзорот на АНБ и АР; Бугарија се жали во Брисел; воената парада во Кина за Трамп е заговор против САД; Јаневска контра Мицкоски

September 3, 2025
Илустрација ВИ

Рекорден број независни кандидати, но недоволно за 7 до 8 метри гласачки ливчиња

September 3, 2025

Локални избори 2025: Избирачкиот список на увид до 11 септември, ДИК надлежна за заштита на податоците од злоупотреби

September 3, 2025
Георг Георгиев, МНР, Бугарија(Фотографија: Wikipedia)

Бугарија се жали во Брисел дека Северна Македонија не ги исполнува преземените обврски

September 3, 2025

Реџепи го блокира надзорот на АНБ и АР бидејќи не му даваат безбедносен сертификат

September 3, 2025
Фото: СДСМ

Мицкоски зборува едно – Христовски го демантира, СДСМ бара итна декласификација за случајот со АНБ

September 3, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ бара меѓупартиски консензус за процесот на интеграции во Албанија; Рама разреши тројца заменици министри; Целосната конституција на косовското собрание бара политички договор

September 3, 2025
Фото: Фејсбук

За Мицкоски се исчисти цел паркинг-Аеродромци се најдоа навредени од ваквата ажурност на општината

September 3, 2025

Сиљановска-Давкова: По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии, е апсурдно

September 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Влада: Се пренаменуваат средствата од непродуктивните расходи во средства за справување со здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот

April 1, 2020 20:06
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонијана денешната 32-та седница донесе повеќе одлуки, меѓу кои, за пренамена на средствата од непродуктивните расходи во средства за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19; 50,1 милион евра од ЕИБ се пренасочуваат за поддршка на малите и средни претпријатија; Средствата од компензационите фондови од странската помош одат во Развојната банка за поддршка на мерките за справување со последиците од коронавирусот во стопанството.

На денешната седница, Владата го разгледа предлогот на Министерството за финансии за намалување на непродуктивни расходи поради справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и ги донесе следните заклучоци и тоа:

1.Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело, освен за ангажирања на соодветен кадар во здравствениот сектор и во други сектори кои се во насока на справување со последиците од коронавирусот.

За сите трајно испразнети работни места (пензионирања и други заминувања по различни основи) да нема прием на нови вработувања.

Доколку се утврди неопходност за пополнување на некое работно место, истото да се пополни од институции каде што има суфицит, а доколку нема таков кадар по институциите, за ангажирање на лицата да одлучува Владата.

Да не се стопираат веќе почнатите постапки за вработувања, за кои има согласност од Министерство за финансии. За издадените согласности за кои не се започнати постапки за вработувања да не се започнуваат.

2.Расходите за репрезентации, спонзорства и реклами да се сведат на минимум во јавниот сектор.

3.Колективниот договор за култура во кој се регулирани сите права да се пролонгира до крајот на 2020 година.

4.На вработените во јавниот сектор да не се доделува регрес за годишен одмор во 2020 година, како и да не се реализираат другите права во Општиот колективен договор за јавниот сектор за 2020 година.

5. Во текот на 2020 година времено се забранува набавка на мебел, опрема и возила, кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата.

6. Владата ги задолжува  јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15% за 2020 година и за тоа да ја известат Владата.

7. Владата до крајот на 2020 година ги задолжува буџетските корисници и единките корисници да ги почитуваат мерките за намалување на расходите.

8. Се задолжува Владата да ги информира општините, јавните претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост и останати субјекти во јавен сектор за донесените мерки за намалување и им препорачува да ги почитуваат донесените мерки за намалување на расходите, како и да се воздржат од помалку суштинските расходи кои не придонесуваат во справувањето со коронавирусот, информираат од Владината прес-служба.

На седницата Владата донесе Одлука за субвенционирање на каматата спрема Европската инвестициона банка која ќе се пресметува на преостанатиот дел од заемот во износ од 50.962.187,00 евра одобрен со Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – V фаза, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, како и пресметаната камата од страна на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување на свеж капитал за поддршка и за  надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на коронавирусот КОВИД-19 кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија,  во насока на мерките за стимулирање на работењето на мали и средни претпријатија преку пронаоѓање на модалитети за стимулирање на процесот на производство, обезбедување на ликвидност на претпријатијата, зачувување на работните места како и задржување на конкурентната позиција на компаниите.

На оваа седница Владата ја усвои Информацијата за потребата од редизајнирање на Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) и Кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со цел ставање на средствата од овој фонд и кредитна линија во функција на намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19, со препорака Развојната банка на Северна Македонија олеснетите услови да ги примени во Јавниот повик во најкраток можен рок.

Владата, информираат од владината прес-служба, ја разгледа и усвои Информацијата за пренос на дополнително прибрани средства од Компензационите фондови од странска помош од сметките на Министерството за финансии во Народна банка на Република Северна Македонија на сметките на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

На оваа седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за финансирање на организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје за време на вонредна состојба согласно која се утврдуваат финансиски средства во висина од 78.000.000,00 денари за обезбедување на поефикасно функционирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за овозможување на укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од заразната болест коронавирусот КОВИД-19 и непречено функционирање на останатите клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во услови на зголемен обем на работа за време на вонредна состојба.

Според Член 2 од оваа Уредба, финансиското учество на Владата на Република Северна Македонија е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје.

Средствата утврдени со оваа Уредба Министерството за финансии ќе ги префрли на Град Скопје, кое ја реализира реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје, во координација со Јавните претпријатија основани од Градот Скопје.

На оваа седница е донесена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, со која полагањето на испитот за советник за безбедност при превоз на опасните материи и на испитот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи се одложува за време на траењето на вонредната состојба, и со која важноста на сертификатите за стручно оспособување на советник за безбедност при превоз на опасните материи и за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на седницата е донесена и Уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај, согласно која полагањето на испитот за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и на испитот за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај се одложува за време на траењето на вонредната состојба, и со која важноста на сертификатите за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба, информираат од владината прес-служба.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Си Џингпин распосла црвен тепих за Путин и Моди, додека самитот е во сенка на трговските војни со САД

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • 24 ЧАСА: Обвинет таткото-насилник кој тепаше малолетни играчи; како ВМРО-ДПМНЕ ја разбира статистиката – експлозивна изјава на Бранимир Јовановиќ; алармантен рекорд на насилството врз новинарите во Србија; оружје за 825 милиони долари од САД за Украина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ