• Latest

Бислимоски: Поторшувачите што ги задржаа своите редовни примања навреме да ги плаќаат сметките

April 4, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Поторшувачите што ги задржаа своите редовни примања навреме да ги плаќаат сметките

April 4, 2020 08:29
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски ги повикува граѓаните кои ги задржаа своите редовни примања и покрај мерките за заштита од коронавирусот навремено да ги подмират своите сметки за  електрична и топлинска енергија, како и за водни услуги.

-Апелираме до оние потрошувачи коишто ги задржаа своите редовни примања, да си ги подмируваат своите сметки, за електрична и топлинска енергија, како и водни услуги, бидејќи ако не ги подмират редовно ќе имаме сериозен проблем со ликвидноста. Тоа е еден маѓепсан круг, ако ЕВН не собира пари, ќе имаат проблем за работа МЕПСО и ЕСМ и ќе имаме проблеми со сите водни претпријатија. Оваа мрежа ќе треба да продолжи да им служи на граѓаните и по завршувањето на оваа вонредна состојба, порача Бислимоски.

Тој ги пофали пензионерите, кои како што рече, веднаш по добивањето на пензијата, која беше дадена малку порано, почнаа да ги плаќаат своите сметки.

-Според информациите што ги имаме од компаниите делумно проблемот со ликвидноста е надминат во овој период кога се добиени пензиите. Редовно да си ги подмируваат сметките очекуваме и од администрацијата и од граѓаните кои не се погодени од оваа криза, изјави Бислимоски за МИА.

Потсети дека РЕК беше една од првите регулаторни комисии во регионот и Европа која веднаш кога настана кризата со коронавирусот издаде препорака до ЕВН, БЕГ и до сите водоводни претпријатија во државата да не ги исклучуваат потрошувачите додека трае вонредната состојба.

-Ние само со препорака побаравме од компаниите да не исклучуваат потрошувачи, а тие само со добар збор и добра волја го прифатија. На компаниите им препорачавме да воведат и мерки за заштита од коронавирусот. Како што знаете и ЕВН и БЕГ ги затворија своите шалтери, а побаравме од нив и обезбедување на сигурно снабдување со електрична и топлинска енергија и вода. Факт е дека во овој период тие имаат драстично намалување со процентот на наплата. Ние како РКЕ сме свесни дека има одредена категорија потрошувачи кои во овој перод не можат да ги подмират своите обврски и бараме соодветен модел како да им се помогне, рече Бислимоски.

Владата, посочи, донесе и соодветни економски мерки за поддршка за голем број на домаќинства и голем број граѓани, а особено цела администрација ќе ги има истите примања.

-Затоа сега апелираме и ги повикуваме оние што можат навреме да ги платат сметките затоа што ова не е еднонасочна работа, туку двонасочна. Од една страна се компаниите од друга страна потрошувачите. Очекуваме од администрацијата и од граѓаните кои не се погодени од оваа криза редовно да си ги подмируваат сметките. По завршувањето на кризата сонцето пак ќе огрее! Овие компании по завршувањето на кризата треба да им служат на домаќинствата и на македонската економија. Сигурен сум дека голем дел од потрошувачите ќе ги земат во предвид овие наши препораки и барања за редовно подмирување на сметките, потенцира Бислимоски.

Најави дека заедно со сите компании во трите сектори работат за да изнајдат соодветен начин како да им се помогне на оние потрошувачи кои биле погодени од кризата која, како што рече, не беше планирана.

-Во интерес на граѓаните ги одзедовме приходите на МЕПСО од прекугранични преносни капацитети кои секогаш биле високи, а годинава се намалени за четири милиони евра. ЕСМ не може да продава вишоци, затоа што трговијата на големо не е намалена само во нашата земја, туку е намалена во целиот регион. Ако лани во овој период имале осум милиони евра приходи, а годината ја завршиле со 22 – 23 милиони евра, овој период имаат нула приход од продажба на вишоци на електрична енергија. Од тие причини редовното  плаќање на сметките ќе влијае позитивно на ликвидноста на компаниите. Исто така ќе придонесе и стабилно и сигурно снабдување со електрична и топлинска енергија и со вода, истакна Бислимоски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ