Премиерот Оливер Спасовски на својот официјален фејсбук профил сподели спот со кој на граѓаните им се објаснува како да се грижат за своето ментално здравје за време на кризата предизвикана од коронавирусот.
https://www.facebook.com/o.spasovski/videos/535860194022614/?v=535860194022614
Во спотот има шет препораки за граѓаните како да го направат тоа. Првата е да го ограничат времето за информирање и следење вести, втората е да имаат дневен план и распоред на активности, а третата е да се релаксираат и да негуваат позитивни чувства. Со четвртата препорака им се сугерира на граѓаните да практикуваат физичка активност, со петтата да се хранат здраво, а со шестата да одржуваат постојан контакт со блиските.
Истиот спот го сподели и министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук профил.












