• Latest

Пандемија

April 6, 2020

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Пандемија

Ова е дистопија. Настаните се фиктивни, но не и невозможни. Ликовите што се споменуваат се постоечки, а нивното однесување во овој расказ не е непознато.

April 6, 2020 10:11
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Пандемија. Тешко се заспива во ова време. Полициските сирени и спорадичното пукање траат по цела ноќ. Главниот град е поделен на пет сектори, а преминувањето од еден во друг сектор е практично невозможно. Освен полицијата и војската, границите меѓу секторите ги чуваат и вооружени партиски милитанти кои воедно се и главните трговци, поточно шверцери.

Носењето маски е задолжително, но маски нема. Од време на време, пристигнува некоја хуманитарна пратка која веднаш преоѓа во рацете на партиските милиции на двете владејачки партии, за потоа да се продаваат за 10 евра по маска за еднократна употреба. Струја се произведува, но ја нема, а сметките се вртоглави. Советникот на премиерот за енергетика е сопственик на повеќе хидроцентрали, а има удел и во сите останати делови на енергетскиот бизнис во земјата. Некои велат дека го води енергетскиот бизнис во име на премиерот. Како и да е, власта тврди дека производството на струја не е доволно за задоволување на потребите во земјата. Од друга страна, се зборува дека произведуваме доволно и дека, всушност, увезуваме наша струја, но властите категорично ја отфрлаат таа теза.

Храна по продавниците има во ограничени количини и скапа е. Често е со поминат рок. Има неколку елитни трговски центри во строгиот центар на градот во кои на шопинг оди политичката, бизнис и медиумската елита. Велат дека цените на производите во тие шопинг центри се меѓу највисоките во светот.

Училиштата не работат. Наместо тоа, на првата програма на националниот сервис, секој ден се држат часови по мајчин јазик, математика, историја и веронаука. Останатото во програмата се народни патриотски песни и ора и по некој филм за борбата против Турците и Албанците.

Земјата е под ембарго на западните империјалисти. Помош во храна, лекови и медицински материјали пристигнува ретко и само преку Србија, а се испраќа од Русија, Кина, Северна Кореја и Турција. Велат дека дел од помошта доаѓа по шверцерски канали и од Унгарија која деновиве е пред исклучување од ЕУ.

Премиерот на ФИРОМ завчера откри споменик на унгарскиот премиер во „Алејата на пријателите“ пред партиското седиште. Денеска се предвидува откривање споменик и на рускиот лидер, а скулптури посветени на српското, кинеското и турското раководство се очекува да бидат откриени во текот на оваа и наредната недела. Премиерот во една дебатна емисија на која учествуваше само тој, навести дека ќе открие и споменик на д-р Мугабе, поранешниот диктатор на Зимбабве. За присуство и аплауз на овие настани се делат купони за храна и маски од продавниците на Силекс – Кратово.

Утрово, прес конференција закажаа премиерот и министрите за здравство, внатрешни работи, финансии и социјална политика. Министерот за смрт, како што своевремено го нарекуваа таканаречените Шарени револуционери, говори дека бројот на заразени и заболени е во константно опаѓање во нашата земја, за разлика од погубните статистики на трулиот Запад, но дека вонредната состојба мора да се задржи поради превенција. Тој удира нервозно по микрофоните и извикува дека тој е чесен патриот и дека владата е чесна и патриотска. Тврди дека се лажни вести тврдењата дека на гробиштата низ земјата веќе нема место за стотиците починати (дневно) од вирусот што го зафати светот. Тврди дека пандемијата практично ја заобиколи нашата земја.

Министерката за внатрешни работи информира дека криминални и терористички ќелии биле разбиени во текот на минатата ноќ во делови од главниот град и во неколку други градови и села во западниот и северозападниот дел на земјата. Уапсени се околу триста лица, меѓу кои и јатаците на терористите. Меѓу уапсените има и неколку малолетни лица, како и лица во длабока старост. Понатаму, таа изјави дека се уапсени и нови четворица шпиони на странските служби кои, маскирани како новинари, извршиле шпионско-терористички дејствија, според ПИ мерките што ги спроведувало МВРО по налог на ЈО.

На крајот од своето излагање, министерката за полиција, низ солзи кажа дека загинале уште неколку храбри припадници на полициските сили во пресметка со терористите. Воедно, таа ѝ соопшти на јавноста дека Џабир Дерала, Сашо Орданоски и други предавници и платеници продолжуваат со бесрамно ширење лажни вести. Таа нагласи дека совесните медиуми како ТВ Алфа, Сител, Канал 5, Курир, Република, Инфомакс, Плусинфо и неколку други, мораат да добијат уште повисоки субвенции за објективното информирање.

Министерот за социјална политика, видно разнишан од утринската доза алкохол, соопшти дека стандардот на населението е во пораст, додека бројот на социјални случаи е во константен пад. На крајот од своето кратко излагање, тој се осврна на, како што ја нарече, „предавничката опозиција“. „Ќе има пиштење, вриштење, само ако продолжат вака!“ – додаде тој.

Министерот за финансии, кој мистериозно исчезна на неколку месеци, денеска за првпат се појави на пресот на владиниот врв. Во кулоарите се шушка дека бил „замрзнат“ поради своите изјави „Ние сме лудаци“ и дека сакал да му ја тресне слушалката од телефонот од главата на својот кум, премиерот. Тој ја информира јавноста дека Владата, во услови на светска рецесија, постигнува рекорди во економијата и дека компаниите и земјоделците нема за што да се грижат. Тој додаде дека во моментот се отворени 44 тендерски постапки. Министерот за финансии изјави дека се лажни вести тврдењата дека на сите тендери победуваат фирмите на братучедот и пријателите на премиерот. „Премиерот дури е и скаран со својот братучед“ – аргументираше министерот за финансии.

По министрите, вообичаено е да говори премиерот. Тоа што зборува последен, како што нагласил повеќе пати до сега, треба да биде сфатено како демократски капацитет на владата што ја предводи една и пол деценија. Тој во своите едночасовни говори се осврнува на актуелната политичко безбедносна ситуација во светот и регионот, не штедејќи погрдни зборови за САД и ЕУ, а никогаш не заборава да ги спомене братските народи кои несебично ја помагаат нашата земја во овој тежок период. Познато е дека неговите говори ги пишуваат луѓе од тимот на партискиот агитпроп што го води партискиот функционер кој своевремено велеше дека опозиционерите ќе завршат во ендек сосе фамилии.

Денеска, премиерот најави дека, по предлог на МВРО, ќе бидат одобрени дополнителни 2,8 милиони евра за субвенционирање на совесните медиуми. Понатаму, премиерот соопшти дека земјоделците ќе добијат 34% зголемување на субвенциите, а добра вест соопшти и за пензионерите, чии пензии и овој месец ќе се покачат за нови 124 денари, со што просечната пензија ќе се искачи на историски високо ниво. Минималната плата ќе се покачи на 9.902 денари, а и социјалната помош ќе се покачи за 93 денари, така што сега ќе изнесува 3.493 денари за четиричлено семејство. Неговиот говор често е испрекинат со бурни аплаузи од присутните новинари на совесните медиуми. Прашања од предавничките медиуми не се прифаќаат.

Прес конференцијата денеска траеше околу четири часа и триесет минути, пократко од вообичаеното. Министерот за труд и социјална политика замина пред да заврши прес конференцијата. Од надвор се слушна тресок, како да се судрија повеќе автомобили. Тоа веројатно бил џипот на министерот…

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

 

Tags: дистопијалажни вестипандемијатоталитатризамФИРОМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ