Три лица починаа од коронавирус на Клиниката за инфективни болести, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за пациент на 40 години од Кочани, кој бил примен на 29 март без познати заболувања, потоа 69-годишен пациент од Тетово со тумор на мозок и пациент од Тетово на 65 години без познати минати заболувања. Вкупниот број на починати во земјава стигна до 21.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи, со што во земјава бројот на регистрирани заболени стигна до 570.
Од Инфективната клиника денес си одат 4 оздравени пациенти, а од Дебар кои беа на домашно лекување тројца се негативни после двата контролни теста.












