На денешната прес конференција на премиерот Оливер Спасовски во одговор на прашањето на ЦИВИЛ Медиа дали владата ќе ги изедначи правата на слободно движење за сите, како што препорачува ЦИВИЛ, со оглед на тоа дека ограничувањето на движењето на повозрасните граѓанки и граѓани предизвикува турканици и уште повеќе ги изложува на ризик, рече дека ограничувањата што се донесени се токму во функција за заштита на најстарите, но и најмладите граѓани.
„Јас би сакал навистина да имаме нормална ситуација, да немаме здравствена криза и секој да може да се движи и навистина така како што живееше државата пред оваа здравствен криза да живее и ов овие моменти. сака. За жал ја имаме оваа сериозна криза што не ни дозволува да се однесуваме нормално. Затоа ја прогласивме и вонредната сосотојба. Најголем удар доживуваат највозрасните граѓани. Наша обврска е да ги заштитиме овие граѓани, и овие ограничувања што ги правиме се току во функција на нивна заштита. Ограничувањето на движењето на најмладите исто така препорака на епидемиолозите затоа што тие се пак најголемите преносители кај кои се појавуваат најмали симтоми, а можат да бидат сериозни преносители на вирусот. Така што ограничувањата ќе траат сè до моментот додека не се процени дека тие треба да престанат да важат“, одговори Спасовски.












