• Latest

Османи: Во Струга и околината 25 заболени од корона вирус и 4 починати, следиме и на најлокално ниво

April 6, 2020

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Османи: Во Струга и околината 25 заболени од корона вирус и 4 починати, следиме и на најлокално ниво

April 6, 2020 18:38
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во Струга и околината потврдени се 25 случаи на зболени од коронавирус, како и четири смртни случаи – три во Лабуништа и еден во село Татеши, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи при посетата на Струга во својство на координатор на штабовите на локалната самоуправа и Градот Скопје.

„Ја следиме одблиску оваа ситуација за да ги согледаме локалните околности во комуникација со општинскиот штаб. Дадовме насока на општините да создаваат и месни штабови во месните заедници, особено во руралните средини. Во секое село да има штаб во кој ќе има и здравствен работник и претседател на месната заедница и локалниот полицаец за да може на најлокално ниво да ги следиме состојбите и да може да одлучуваме“, рече Османи, кој при посетата на Струга беше придружуван од заменик министерот за здравство, директорот на Институтот за јавно здравје и претседателот на Комисијата за заразни болести, а попладнево треба да заминат и во посета на Лабуништа.

Тој информира за новите рестриктивни мерки донесени денеска од Владата и Кризниот штаб за ограничување на движењето, односно за полициски час од 16 часот па до 5 часот наредниот ден, а за викендите целосна 24 часовна забрана за движење.

„Целта е да се потенцира потребата од социјална дистанца, бидејќи очигледно и искуствата и науката укажуваат дека тоа е единствгениот начин да направиме нешто сега како општество. Граѓаните се дисциплинирани и сакам да ја искористам можноста да им се зблагодарам на здравствените работници, но и на сите полицајци и сите кои се сега во служба на нормалното живеење во услови на рестрикции“, рече Османи.

Претседателот на Комисијата за заразни болести др. Жарко Караџоски на новинарско прашање посочи дека одлуката за новите рестриктивни мерки е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести и се однесува на целата територија на државата, вклучувајќи го и селото Лабуништа за кое, рече не се планираат посебни мерки, како во случајот со Дебар.

„Моментно не е планирано такво нешто. Во Дебар беше специфична состојбата со цел брзо да реагираме и за да го намалиме бројот на заразени. И како што гледате во Дебар четири дена нема ништо ново, односно мерката се покажа успешна“, рече Караџоски.

Комисијата за заразни болести секое утро во 8 часот ја разгледува состојбата во државата. Во однос на регионот на Струга, Караџоски најави дека од утре ќе ја зајакнат епидемиолошката служба со уште еден епидемиолог во период од 14 дена.

„Ја зајакнуваме и епидемиолошката служба по бројност и во Тетово со уште еден епидемиолог, а секојдневно ја следиме актуелната состојба, и ако има потреба ќе реагираме и со испраќање на друг потребен персонал доколку локалната самоуправа и потребите на болницата укажат на тоа како – пулмолози, интеренисти. Дополнително имаме уште еден колега инфектолог кој ќе направи увид во болницата во Охрид, ќе ја разгледа состојбата дали некои мерки треба да се направат по некои назнаки за проблематични приеми на одредени пациенти и ќе ги реферира на Комисијата за заразни болести и ќе видиме потоа што на ниво на Министерство за здравство ќе се преземе“, рече Караџоски.

Со оглед на смртните случаи и тоа што се зголемува бројот на случаи на Ковид – 19, тој најави дека најверојатно ќе се отвори пункт за тестирање во Струга за што има можност, при што Болницата во Струга ќе треба да одвои еден микробиолог и еден лаборант и заедно со подрачната единица на ЦЈЗ да се земат брисеви, коишто ќе се трансферираат до Охрид, а потоа до Скопје.

„Состојбата се следи дневно на територија на целата држава. Доколу се укаже потреба ќе реагираме и на друг начин. Засега од среда важат правилата кои ги соопштија премиерот, министерот за здравство и вицепремиерот“, рече Караџоски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ