„Пред самото вклучување во емисија добив информација од Центарот за јавно здравје дека имаме уште двајца починати наши сограѓани во Куманово“, соопшти градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во емисијата „Топ тема“, споделувајќи најнова информација од Центарот за јавно здравје.
Димитриевски упати апел да се воведат уште порестриктивни мерки во Куманово и да се скратат бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.
Тој посочи дека е потребно вклучување на Министерството за труд и социјална политика во работата на Кризниот штаб на Општина Куманово.