• Latest

Османи: Масовното тестирање не е прашање на ресурси, туку на стратегија

April 6, 2020
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Османи: Масовното тестирање не е прашање на ресурси, туку на стратегија

April 6, 2020 21:41
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Масовноста на тестирање за коронавирусот не е прашање на недостиг на ресурси, туку прашање на стратегија која мора да е научно и емпириски заснована  и да доаѓа од стручната комисија, а не да се заснова на политички одлуки и под притисок на јавноста, смета вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е и координатор на штабовите на локалната самоуправа и Градот Скопје.

Во гостување преку видеолинк на емисијата „Топ тема“ на ТВ Терлма тој појасни дека во моментот стратегијата на Комисијата за заразни болести во однос на тестирањето, која што ја образложуваат на Влада, е спроведување  тестови со коишто се детектираат само тие лица со позитивна епидемиолошка анкета, значи или симптоми или некаков контакт. Така не дозволуваме, рече Османи, да имаме лажно негативни резултати со што луѓето би се релаксирале непотребно.

-Ако правите масовно тестирање, сите тие коишто ќе се покажат денеска негативни, утре ќе се движат слободно сметајќи дека не се носители на вирусот. Се разбира, доколку би имало можност сите одеднаш да се тестираат со ПЦР-тестови, тоа би било дополнителен бенефит. Меѓутоа, Комисијата се состанува  на дневна основа и тестирањето не е прашање на недостиг на ресурси, туку прашање на стратегија.  Доколку утре доаѓаат  нови заклучоци за тестирање,  ние ќе најдеме начин како да обезбедиме ресурси тоа да го  спроведеме. Но, не можеме тоа да го правиме заради притисокот на јавноста, заради страв. Мора тоа да е научно и емпериски засновано  и да доаѓа од стручната комисија. Ако почнеме овие одлуки да бидат повеќе политички,  повеќе под притисок на јавноста, ние ја губиме основната стратегија, а тоа е препораките да доаѓаат од епидемиолозите, инфектолозите и стручните тела, а ние како политичари да бидеме само имплементатори преку создавање ресурси на стратегиите што тие ќе ги предложат“, рече Османи.

Во однос на опременоста на здравствените институции со заштитни маски и друга опрема за здравствените работници во услови на пандемија, Османи, кој и самиот е активен лекар, вели дека е делумно присутен  страв кај здравствените работници од тоа дали се доволно заштитени, а и Владата одржала посебна седница токму на оваа тема.

„Имавме посебна сесија на Влада – заштита на здравствените работници во услови на пандемија каде беа ангажирани сите служби и сите институции. Државниот санитарен и здравствен инспекторат направи вонредни контроли на над 67 здравствени институции за да видат прво дали имаат материјали односно лична заштитна опрема. Извештајот на Инспекторатот беше дека сите овие ненајавено контролирани здравствени институции имале доволно базична лична заштита. Вториот момент што се појави е дали здравствените работници ги почитуваат протоколите, односно препораките за нивото на заштита предложено од Министерството. Извештајот вели некаде да, некаде не, и затоа побаравме од Инспекторатот да биде во постојана  комуникација со здравствените работници за да се почитуваат овие препораки, бидејќи реално тоа е најдобрата стратегија – да ги заштитите здравствените работници за потоа тие да го штитат останатиот дел од населението“, рече вицепремиерот Османи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ