• Latest
Скопје, 4 ноември 2019

Продолжени лиценците, овластувањата и дозволите за градежните и погребалните фирми

April 7, 2020
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Продолжени лиценците, овластувањата и дозволите за градежните и погребалните фирми

April 7, 2020 12:41
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Скопје, 4 ноември 2019

Скопје, 4 ноември 2019

Share on FacebookShare on Twitter

Продолжено е времетрањето на истечените лиценци и овластувањата за градежниот сектор, како и на дозволите за управување со гробишта и за вршење погребални услуги,  во тек на вонредната состојба и 60 дена по нејзино завршување.

За компаниите што работат во градежниот сектор, како што информира  денеска ресорниот министер Сугарески, се донесени три уредби со законска сила со коишто се олеснува работата на фирмите  во услови на времетраење на вонредната состојба.

Првата Уредба од Владата, соопшти Сугарески, се однесува на примена на Законот за градење и се однесува на лиценците и овластувањата. Во тек на вонредната состојба и 60 дена од нејзиното престанување се продолжува времетраењето на лиценците за проектирање на градби од прва и втора категорија, за ревизија на проектна документација за градби од прва и втора категорија, за изведувач на градби од прва и втора категорија,  за надзор на изградба на градби од прва и втора категорија,  за управител на градба, за управител на одржување на објекти од прва и втора категорија. Продолжувањето се однесува и на овластувањата за изработка на проектна документација за градби од прва и втора категорија, за ревизија на проектна документација за градби прва и втора категорија, како и за овластувањето за инженер за изведба на градби од прва и втора категорија и за надзорен инженер за прва и втора категорија чиј рок на важење е истечен.

Донесена е Уредба со законска сила  и за Законот за просторно планирање. Со неа, исто така, се предвидува – лиценците за изработување на урбанистичките планови, за ревизија на урбанистичките планови,  како и овластувањата за изработка и за ревизија на урбанистички планови, чиј рок на важност е истечен, да се продолжат за времетраење на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на престанокот на вонредната состојба.

Со Уредба, пак, за Законот за гробишта и погребални услуги, се регулира важноста на дозволата за управување со гробишта и дозволата за вршење на погребални услуги чиј рок на важење е истечен. И за овие дозволи кои се веќе истечени важноста се продолжува на траење на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на престанокот на вонредната состојба.

Според Сугарески, Министерството за транспорт и врски  и Јавното претпријатие за државни патишта редовно ги исполнуваат сите обврски кон добавувачите за  инфраструктурните проекти што се реализираат на терен. Целта, како што вели, е во периодот на кризата, да нема застој на капиталните инвестици.

-Министерството за транспорт и врски, сите времени ситуации, завршни ситуации, сите обврски кои ги има кон добавувачите ги исполнува апсолутно и на дневна основа, тоа може да се провери и да се види. Од она што сум информиран истото го прави на редовна основа и Јавното претпријатие за државни патишта. Целта е што повеќе во периодот на оваа криза да течат капиталните инвестиции и да нема застој за да има одржливост на економијата, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ