• Latest

Превозниците во вонредна состојба дневно ќе возат по 11 часа, нови уредби за побрз транспорт

April 7, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Превозниците во вонредна состојба дневно ќе возат по 11 часа, нови уредби за побрз транспорт

April 7, 2020 12:45
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Се зголемува дневното време на управување со возило на мобилните работници во патниот сообраќај од 9 на 11 часа додека трае вонредната состојба, а дополнително се одложуваат полагањето на испитите и рокот на важење на сертификатите за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и возач за учество во меѓународен патен сообраќај, како и за превоз на опасни материи, информираше денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Со цел побрзо реализирање на транспортот, нагласи Сугаревски, Владата донесе уредба за примена на Законот за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и тахографите, која предвидува зголемување на дневното време за управување со возило додека трае вонредната состојба од 9 на 11 часа, а возачите ќе може да возат 5 и пол часа, по што ќе треба да направат пауза од најмалку 45 минути.

– Неделното време за управување со возило  во тек на вонредната состојба се зголемува од 56 на 60 часа. Вкупното време на управување со возилото во текот на кои било две последователни недели се зголемува од 90 на 100 часа. Возачите ќе може да возат 5 и пол часа, а потоа ќе треба да направи пауза од најмалку 45 минути. Редовниот дневен одмор за траење на вонредната состојба се намалува од 11 на 9 часа, изјави Сугаревски.

Првата уредба, за која информираше министерот Сугаревски, се однесува на примената на Законот за превоз на патниот сообраќај за време на вонредна состојба и предвидува одложување на полагањата на испитите и продолжување на сертификатите за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и возач за учество во меѓународен патен сообраќај, додека втората Уредба е за примената на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба.

– Ова подразбира дека сите испити се одложуваат, а сите сертификати на кои важноста им е истечена остануваат да важат се до времетраењето на вонредната состојба, прецизраше Сугарески.

Со овие две уредби за транспорниот сектор, нагласи, Владата го олеснува работењето на транспортерите и од финансиски и од временски аспект.

Транспортниот сектор, посочи Сугаревски, е еден од најзначајните во ова време и затоа наша цел е да обезбедиме непречен транспорт на производи за прехрана на граѓаните, репроматеријали за индустријата и медицински материјал за да се одговори на предизвиците од корона вирусот.

– Владата, Министерството за транспорт и врски и другите надлежни институции се во постојана комуникација и координација со транспортните здруженија, компаниите и сите кои вршат транспорт, за да овозможиме непречено функционирање како на внатрешниот, така и на меѓународниот транспорт на стоки. Засега добро функционира и на дневна состојба ги разгледуваме сите барања и потреби на транспортерите за да го олесниме нивното работење, изјави Сугаревски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ