• Latest

Лицата со попреченост и старите лица во 27 општини ќе добијат асистенција за полесно справување со кризата

April 7, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Лицата со попреченост и старите лица во 27 општини ќе добијат асистенција за полесно справување со кризата

April 7, 2020 16:00
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), реализира услуги за поддршка на лица со попреченост и други ранливи категории во услови на Ковид-19.

– Активностите за асистенција на ранливите категории ќе се реализираат во 27 општини со вклучување на околу 200 невработени лица како испорачувачи на услугите за над 1.500 лица крајни корисници. Локалните општински тимови обучени за справување со овој тип на теренски околности и опремени со заштитна опрема, секојдневно ќе работат на терен и ќе обезбедуваат поддршка во секојдневното функционирање​, информираат од Министерството за труд и социјална политика..

МТСП, велат оттаму, ги следи и одговара на потребите на ранливите групи  на граѓани. Заедно со УНДП креирана е услуга која ќе излезе во пресрет на лицата со попреченост и старите лица. Ќе се започне со подршка на овие лица во 27 општини за олеснување на нивното секојдневно функционирање  што вклучува асистенција за реализација на итни администривни процедури, набавки и друг тип на поддршка согласно потребите на лицето“.

– Почетно, оваа услуга ќе ја користат 1.540 лица, а доколку има потреба, бројот на корисници ќе расте. Лицата со попреченост и старите лица, доколку имаат потреба, може да добијат и поддршка во домот. МТСП постојано ги следи потребите на крајните корисници и ги креира мерките согласно нивните потреби, велат од МТСП.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан потенцира дека во услови на ваква глобална пандемија, грижата за луѓето на кои им е најмногу потребна поддршка е од врвен приоритет.

– Ова е време кога треба да се покаже солидарност, поддршка, посветеност и грижа за сите, а посебно за оние граѓани кои не можат самостојно да се справат во овие деликатни услови на КОВИД 19. Затоа новата адаптирана услуга на локално ниво е најдобар доказ дека инклузивните заедници во пракса подразбираат зајакнување на лицата како даватели на услуги и крајните корисници. Оваа услуга е дел од пошироката поддршка која УНДП ја нуди во земјата, но и на глобално ниво, за справување со КОВИД 19, вели таа.

Амбасадорката на Швајцарија во државата, Сибил Зутер Техада вели дека оваа земја е долгогодишен партнер на државата во сите околности, и во добри времиња, но и во времиња полни со предизвици.

– Драго ни е што во овие посебни околности со коишто се соочуваме, проектите кои ги поддржуваме се флексибилни и се адаптираат соодветно да одговорат на кризата и на луѓето од ризичните категории, истакна  Зутер.

Активноста се спроведува како продолжување на Програмата за општинско – корисна работа, како дел од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот, и реактивирање на претходно ангажираните невработени лица како даватели на услуги.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ