• Latest

Бектеши: Нереални и неточни се бројките на Туристичко-угостителската комора при ССК, голем е интересот и апликациите од угостителите за бескаматни кредити

April 8, 2020
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бектеши: Нереални и неточни се бројките на Туристичко-угостителската комора при ССК, голем е интересот и апликациите од угостителите за бескаматни кредити

April 8, 2020 14:39
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес- конференција во Владата ги демантираше информациите на туристичко – угостителската комора при Сојузот на стопански комори кои што беа презентирани вчера.

Министерот за економија како надлежен за ресорот туризам и угостителство презентираше неколку факти со кои се демантираат наводите произнесени од дел од угостителите при што информираше дека Министерството за економија е активно вклучено во носењето на сите мерки од страна на Владата на Република Северна Македонија и истите се донесени во соработка  со приватниот сектор, односно стопанските комори и асоцијации во нашата држава.

„Сите стопански комори се дел од Координативното тело за туризам и истите активно работат во предлагање на мерки за ублажување на кризата поради коронавирусот кои преку Министерството за економија се предлагаат во Влада. Владата уште во почеток на кризата укажа и имаше целосно разбирање за секторите туризам, угостителство и транспорт и од овие причини првите мерки кои се донесоа ги опфаќаа токму овие сектори со овозможување на истите да искористат бескаматни кредити, субвенционирани придонеси како и намалена каматна стапка за кредити. Свесни сме дека голем број од компаниите од овие сектори се директно опфатени со кризата и од тие причини Владата во вториот пакет на мерки истите ги дополни со нови мерки, односно беа обезбедени дополнителни средства на Развојната банка на Северна Македонија за бескаматни кредити, а исто така им беше овозможено на компаниите да искористат средства за исплата на минимална плата од 14.500 денари за вработен“, потенцираше министерот.

Бектеши потенцираше дека укажувањето дека угостителите нема да ги користат овие мерки се неточни бидејќи според податоците од Развојната банка на Северна Македонија има голем интерес и апликации на компании токму од овој сектор.

„Како министер за економија лично присуствував на состаноците со сите стопански комори каде што барањето за исплата на минимална плата беше клучно за задржување на вработените во овој сектор, за да сега слушнеме од Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори дека нема да ги искористат истите. Очекувавме и како Министерство за економија и како Влада од стопанските комори забелешки или укажувања во делот на подобрување на критериумите за добивање на овие субвенции, но треба да се има предвид фактот дека за нас како Министерство за економија многу е важно истите субвенции да одат кај вистинските угостители, односно угостители кои во минатиот период пред да настане оваа криза редовно ги подмириле сите давачки кон државата“, потенцираше Бектеши и додаде дека за многу брзо време согласно податоците од Државниот завод за статистика се очекуваат извештаите за месец март за да направат споредби и анализи за бројот на работници по индустрии и ќе се констатира дека бројката од 15.000 отпуштени работници во угостителскиот сектор не е точна.

„Мораме да потенцираме дека мерките на Владата за забрана за вршење на дејноста во угостителските објекти е воведена на 14-ти март, додека согласно податоците од државен Завод за статистика месец јануари го завршивме со позитивни бројки во угостителството односно имавме зголемен број на туристи за  12 % додека во текот на оваа недела ги чекаме податоците за февруари месец. Имајќи предвид  дека се соочуваме со сериозен светски здравствен проблем најмалку што очекуваме е коректен и неполитизиран пристап од бизнис заедниците во Република Северна Македонија. Aктивно, заеднички сме работеле и ќе продолжиме со работа со сите сектори во изнаоѓање на најдобрите мерки за ублажување на кризата, но без да го загрозиме ефикасното и ефективното работење на државните институции“, кажа министерот.

Тој ги повика групациите на угостители преку нивните матични комори да предложат мерки и конструктивно да учествуваат во носење на истите, без да навлезат во паушални анализи кои не се базирани со реални бројки а со тоа да шират неточни информации во јавноста.

„Ова не е време за уцени. Многу е јасно дека сите по нешто ќе изгубиме во оваа криза. Работниците од платата, угостителите од профитот. Државата исто ќе има големи загуби. Но, важно е сите да го пребродиме ова. Во туристичко – угостителскиот сектор во државата има над 30 илјади вработени, јасно е дека дел од нив постојано се во обид да работат на црно и постојано се креативни во изнаоѓање на решенија како да избегнат плаќање на давачки кон државата, но инспекторите во целиот свој капацитет и досега, но и отсега па натаму ќе продолжат да го санкционираат таквото работење“, кажа министерот Бектеши.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ