• Latest

Светска банка: Краткорочната перспектива негативна како и кај другите земји во регионот, БДП годинава минус 0,4 отсто

April 9, 2020
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Светска банка: Краткорочната перспектива негативна како и кај другите земји во регионот, БДП годинава минус 0,4 отсто

April 9, 2020 12:50
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Светска банка во најновиот извештај за земјава наведува дека краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот,  е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година и дека ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавните политики за одржливо забрзување на економскиот раст. Предвидениот раст на БДП за земјава годинава е минус 0,4 отсто, а за наредната 3,7 и во 2022 година 3,6 отсто.

– Растот во 2019 година од 3,6 проценти изненади во нагорна линија и невработеноста се намали на уште едно историско ниско како резултат на зголемувањето на вработеноста. краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот,  е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година. Пандемијата и мерките за ограничување на движењето ќе влијаат врз економијата како на страна на побарувачката, така и на страната на понудата. Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост, стои во извештајот на Светска банка.

Според Светска банка економските и социјалните мерки за ублажување на влијанието од кризата ќе бидат приоритетни додека пандемијата не се стави под контрола, но во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст.

Од Светската банка наведуваат дека ја финализираат програмата на активности за помош на Северна Македонија за да се справи и да го намали влијанието од кризата.

Помоша  вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија.

Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра.

Светска банка порачува дека одлучувачки мерки, кои ќе стават приоритет на инвестициите во здравствените системи и обезбедување на соодветна социјална заштита за луѓето, особено најранливите, се клучни за намалување на негативните влијанијата од пандемијата Ковид-19 (коронавирус) во Европа и Централна Азија, се вели во пролетниот Економски извештај 2020 за регионот.

Во извештајот наведува дека земјите во регионот можат да помогнат во одржувањето на економската активност преку поддршка на приватниот сектор со поволни деловни кредити, намалување на даноците или одложувања за плаќањето на некои даноци. Малите и средни претпријатија кои се погодени, би можеле да имаат значителна корист од таргетирани владини субвенции.

-За време на овој исклучително тежок период, од особено значење е креаторите на политики да постапуваат решително, вели Сирил Мулер, потпретседател на Светска банка за регионот на Европа и Централна Азија.

Спорд него ова значи одлучни мерки за зајакнување на здравствените системи и системот на социјална заштита, поддршка на приватниот сектор и зачувување на финансиската стабилност и доверба – аспекти кои се клучни за животот на луѓето.

Проекциите за економските последици од Ковид-19 се проследени со значителна неизвесност. Затоа, извештајот вклучува повеќе симулации за да се претстават различните сценарија во поглед на растот на економијата кои би можеле да се случат  како резултат на пандемијата. Сценаријата сугерираат дека регионот ќе западне во рецесија во 2020 година, со негативен раст кој ќе се движи помеѓу – 4,4 и – 2,8 проценти, како резултат на пандемијата од коронавирусот, а во 2021 година се очекува закрепнување кое ќе биде резултат на мерките за поддршка на економијата кои се воведуваат, закрепнувањето на глобалните цени на суровините и зајакнување на трговијата.

Растот на земјите во развој од регионот на Европа и Централна Азија се намали на 2,2 проценти во 2019 година. Од февруари, регионот се соочува и со сѐ поголема битка за да се справи како со непосредната здравствена криза, така и со долгорочните предизвици што ги предизвика глобалната пандемија.

Групацијата на Светска банка презема широка, брза акција за да им помогне на земјите во развој да го зајакнат нивниот одговор на пандемијата, да го подобрат надгледувањето на болеста, да ги подобрат интервенциите во јавното здравство и да му помогнат на приватниот сектор да продолжи да работи и да се одржат работни места. Со имплементирање на финансиска поддршка од 160 милијарди долари во текот на следните 15 месеци ќе им се помогне на земјите да ги заштитат сиромашните и ранливите категории, да ги поддржат бизнисите и да го зајакнат економското закрепнување.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ