• Latest

Во изминатиот месец убиени се 21 жена во Турција, зголемен фемицидот во време на пандемија

April 9, 2020

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Во изминатиот месец убиени се 21 жена во Турција, зголемен фемицидот во време на пандемија

April 9, 2020 15:51
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мерките кои ги преземаат владите ширум светот за спречување на ширењето на пандемијата од КОВИД-19 доведоа до пораст на случаите на родово базирано насилство во семејствата, а голем дел од нив завршуваат фатално.

Во Турција активистки за правата на жените пријавиле 29 смртни случаи на жени во март 2020 година.

Овие случаи во Турција ги пријавила пларформата „Ние ќе ги сопреме убијците на жените“, кои според нивната изјава се залагаат за стопирање на фемицидот и обезбедување на заштита на жените од насилство и дека ќе ги следат сите видови на кршење на правата на жените. Оттаму велат дека многу жени кои контактирале со групата се плашеле да пријават насилство од своите сопрузи или партнери.

Според нив, 29 жени биле убиени од мажи во март годината, од кои, 21 жени биле убиени во 20-дневен период, од 11 март, кога владата на Турција ги советуваше своите граѓани да останат дома и да избегнат да го шират вирусот КОВИД-19. Меѓу убиените, 18 жени биле убиени дома, четири на работа, две додека патувале, една на терен и две среде улица.

Нивниот извештај беше пред Министерството за внатрешни работи на Турција да објави дека стапката на фемициди во земјата се намалил за 22% во првиот квартал од годинава во однос на минатата година. Минатиот месец, министерство објави дека стапката на фемициди е намалена за 32% во првите два месеци од 2020 година во однос на минатата година.

Платформата претходно објави дека минатата година во Турција биле убиени 474 жени. Според нив, 27 жени биле убиени од очигледни економски причини, додека 114 жени биле убиени или затоа што сакале развод и слично.  Околу 218 жени биле убиени од нивните сопрузи, поранешни сопрузи, парнети или поранешни парнери, додека 101 жени биле убиени од нивните роднини.

На почетокот на воведувањето на мерките, со наредбите за останување дома со цел за заштита од КОВИД-19 и Франција и Австралија за прв пат известија за зголемен број на родово базирано насилство.

А. Петровска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ